Искористете го слободното време за да станете попаметни

Не постои факултет кој ви овозможува да станете паметни, туку тоа се стекнува со тек на време, со поминато искуство и најважно од сѐ, преку надградување на вашето знаење. Без разлика дали сте слободни само 10 минути, важно е слободното време многу добро да го искористите. Немојте никогаш да велите дека сте презафатени за учење и надградување.

За таа цел ви прикажуваме неколку интересни начини со кои ќе го зајакнете вашиот мозок:

Слушајте аудио шоу



Со оглед на тоа дека телефонот ни е секогаш при рака, искористете на него да слушате аудио шоуа, кои се со времетраење од 10 минути до еден час. Може да слушате за најразлични работи, сè во зависност од вашите потреби. Сè што треба да направите е да си симнете апликација како на пример Podcast Addict for Android или Apple’s Podcast App и да си изберете категорија.

Научете втор јазик

Зборувањето на втор (или трет или четврт) јазик е мошне забавно и практично, а да не спомнуваме и дека е одлична вежба за мозокот. Токму затоа потрудете се да научите втор јазик и тоа повторно преку интересни апликации кои дозволуваат учењето на јазик да изгледа мошне лесно и забавно.

Гледајте документарен филм



Секогаш е добро да си ги проширите вашите знаења со нови работи, па одлична можност за тоа е да погледнете некој документарец, кој ќе ви разјасни одредени дилеми. Ако немате време да седите пред ТВ екраните, пуштете го на вашиот лап-топ или таблет.

Аудио книги за љубителите на книги

Ако постојано гледате во екран, најверојатно ќе сакате да си ги одморите очите. За да не читате во ситните букви од некоја книга, истата симнете си ја во аудио верзија. На тој начин ем ќе си ги одмарате очите ем ќе ја слушате омилената приказна.

Свирете на некој инструмент



Научно е докажано дека свирењето на некој инструмент може да ве направи попаметни. Без разлика дали како дете сте свиреле на некој инструмент или не, никогаш не е доцна да посегнете по тоа.

- Кога слушате музика, многу делови од мозокот се активираат, но кога свирете на инструмент таа активност всушност е како целосна вежба за вашиот мозок, објасни Анита Колинс на нејзиното обраќање на TED.

Медитирајте

За да го исполнете вашиот мозок со информации, некогаш треба да го исчистете. За среќа, за тоа постои медитацијата која е совршено добра кога сте напнати и под стрес. Исто така, по медитирањето ќе бидете подготвени за подобро учење. Според истражувањата во Харвард, луѓето кои медитираат покажуваат подобра мозочна активност и се подобри при учење, меморија, емоции и когнитивни функции.

Пишувајте дневник



Пишувањето на дневник не е само за мали девојчиња кои сакаат да си црткаат со шарени боички. Без разлика дали ќе ги запишувате вашите мисли, желби или случувајња во денот, дневникот ви помага да ги подобрите когнитивните функции. Исто така, ви се разјаснуваат мислите и ви дозволува да носите попаметни одлуки за идните избори.

Бидете саркастични

Според една студија, саркастичните луѓе се попаметни, бидејќи разменуваат паметни шеги, а со тоа им се зголемува и креативноста. Преку сарказмот се зголемува апстрактното размислување.

Повеќе слушајте, помалку зборувајте



Еден просечен човек се среќава со три луѓе во текот на денот, а во целиот живот стапува во интеракција со 80.000 луѓе. Покрај тоа што е голема бројка на луѓе, исто така се и многу можности за да се научи нешто ново. Секој е експерт во некоја област и има поралзични познавања од вас, па ако започнете разговор секако дека ќе научете нешто ново. Затоа потребно е повеќе да слушате, за да научете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби