ДА НИ СЕ ВРАТИ ВЕРБАТА ВО ДОБРИТЕ ЛУЃЕ

Вистински приказни од медицински сестри

Медицинските сестри секојдневно се среќаваат со многу пациенти, но само оние најборбените им останале длабоко во сеќавање. Со цел да се потсетат на нивните денови кога тие имале неверојатна сила во себе и покрај тоа што биле соочени со тешка ситуација, решија да споделат нивни вистински случаи.



Најубавата ноќ во животот

Шеснаесет годишната Медисон Хурд цела година се подготвувала за матурската вечер. Дури и почнала да работи со цел да си дозволи да купи фустан и помогнала да ја декорираат салата за големата вечер. Но, една недела пред матурската, таа завршила во болница. Компликациите откриле дека има проблеми со срцето и никако не можела да ја напушти болницата поради тоа што болеста била сериозна, па медицинските сестри се обиделе да и направат матурска вечер. Целиот ден и правеле фризура, ја шминкале, ја накитиле собата исто како и темата на матурската што требаше да оди. Го земаа фустанот во болницата и го викнаа нејзиното момче облечено во одело. Таа била нејзината најдобра вечер.

Романтичен состанок

Сестрата на онкологија, Меги Најт, забележала како еден пациент бил многу тажен и веднаш смислила начин на кој ќе го расположи. Заедно со останатите сестри организирале романтичен состанок со неговата партнерка. Ја декорирале собата, поставиле свеќи и нарачале јадење од неговиот омилен ресторан, а на вратата поставиле знак да не ги вознемируваат.

Што е тоа бура?

Во јануари минатата година, повеќето Њујорчани останале безбедно во своите домови, освен една медицинска сестра, која решила по секоја цена да стигне до болницата каде што работи. Шантел Дијабејт пешачела скоро 3км по снег, со цел да биде со пациентите. Таа била единствената сестра која што се појавила во болницата токму тој ден.

- Сите си требаме еден со друг, па затоа ги гледам моите пациенти добро, бидејќи тие ми се како фамилија, изјавила Шантел.



Дупла среќа

Бремената девојка Бренди се појавила во болница заедно со Џејмс, нејзиното момче, бидејќи почнала да има контракции. Сепак, кога ја примиле, Џејмс и кажал дека морал да оди до продавница. Пред да замине, ги замолил медицинските сестри да му помогнат спонатано да ја побара за жена пред да се породи бебето. Една од сестрите го повикала таткото на Бренди, кој бил свештеник, додека Џејмс претрчал до златара да купи прстен. Откако ја побарал и се венчале, по половина час се родила и мала Џанил.

Во добро и во лошо

Бети Хјуџис паднала и си скршила повеќе коски, но имала и Алцхајмер, па морала подолго време да лежи во болница. По еден месец, нејзиниот сопруг, кој имал 68 години, Артур, доживеал срцев удар. Него го сместиле во истата болница, но во различни оддели. Кога сестрите дознале дека парот заедно лежи во болницата, нашле една соба, каде што ги сместиле заедно. Бети починала само еден ден пред Артур, а благодарение на сестрите тие до последен час биле заедно еден до друг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби