Најголемиот светски „град на духови“

Порано прилично богатиот град Ордос во Кина сега се нарекува најголемиот „град на духови“ во светот.

Во раните 2000-ти, рударскиот бум ја навел локалната власт да фрла пари во урбано развивање со надеж дека ќе креира нов епицентар на култура, економија, и политика.

Новиот град Ордос, познат како Кангбаши, требало да овозможи живот за 1 милион жители (подоцна концептот бил намален на 300 000) и да биде познат по масивни апстрактни архитектонски проекти, стамбени згради, и врвни спортски терени

Меѓутоа, високите даноци за имот и лошиот квалитет на конструкциите ги одбивале луѓето да се населат во Ордос, а во 2016 тука живеат и работат околу 100 000 луѓе, оставајќи две третини од градот празни.

Целиот град делува како пост-апокалиптична вселенска станица излезена од некој научно-фантастичен роман или филм, а еве дел од фотографиите на Рафаел Оливиер, кои ја прикажуваат сегашната состојба на градот.

1) Возила кои работат на отворен рудник близу Ордос, во ноември 2015


2) И покрај тоа што само една третина од градот е населена, 80-90% од ненаселените живеалишта имаат сопственици, кои ги сметаат за долгорочни инвестиции.


3) Ордос останува само школка од футуристички град


4) Споменикот со коњите се наоѓа на централниот плоштад наречен Џингис Кан Плаза, а тие ја претставуваат номадската култура и се симбол на градот.

 

5) Градскиот уметнички музеј делува како вселенско летало кое слетало на Земјата

 

6) Стадионот Доншенг собира 35 000 навивачи, но никогаш не бил целосно исполнет


7) Последните неколку години локалната власт вложува напори да регрутира жители од околните населени места да се преселат во Ордос, а празните стамбени згради се конвертирани во домови каде сега живеат студенти

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби