ДО 2035-та ЌЕ НЕМА СИРОМАШНИ ЗЕМЈИ

7 предвидувања на Бил Гејтс за иднината

Бил Гејтс отсекогаш бил еден вид пророк во неговите претходни предвидувања – неговата листа од 1999год. е запрепастувачки точна, каде што го предвидува растот на смартфони, социјални медиуми и сајтови за компарирање на цени. Изминативе неколку години, преку разни интервјуа и писма, тој има продолжено со предвидувањата. Во прилог следат 7 од нив.

1) Во наредните 15 години, 33 милиони луѓе ќе може да изумрат за помалку од една година поради патоген

На Безбедносната конференција во Минхен, Гејтс предупредил дека епидемиолозите велат дека патоген кој може бргу да се движи во воздухот би можел да убие над 30 милиони луѓе за помалку од една година, а тоа би можело да се случи поради мутација, несреќен случај или терористички напад. Иако ова предвидување делува неверојатно, слични настани се имаат случено и порано – најочигледен пример би била Црната Смрт, која убила скоро третина Европа, како и Шпанскиот грип во 1918-та од кој починале помеѓу 50 и 100 милиони луѓе.

2) Aфрика самата ќе си ја произведува храната

Бил Гејтс верува дека ова ќе биде постигнато преку неколку структурални промени:

- Се развиваат сè подобри ѓубрива и култури кои ќе доведат до зголемено производство на нутриционистички производи

- Се развива инфраструктура

- Со масовното користење на смартфоните ќе се зголеми комуникацијата на информациите врзани со временските прогнози и цените на пазарот

3) Животите на сиромашните ќе се трансформираат со мобилното банкарство

Електронските банкарски системи ќе им дозволат на сиромашните дигитално да ги заштедат и заштитат парите. Тој верува дека до 2030, 2 милијарди луѓе кои немаат банкарски сметки ќе ги чуваат парите во, и вршат плаќања со нивните смартфони.

4) Во 2035-та нема да постојат сиромашни земји

Гејтс смета дека светот се има значително променето за време на неговиот живот – од свет поделен на Советскиот Сојуз, западните сојузници, и сите останати, до онаков каков што е денес – и дека тој сè уште има потенцијал и понатаму да се менува. Во 2014 тој има изјавено дека помошта која може да им се понуди на сиромашните земји е фантастична инвестиција и дека треба да се прави повеќе, бидејќи ефективно ги спасува и подобрува животите на луѓето и поставува основа за долгорочен економски прогрес.

5) До 2030 ќе има пробив на чиста енергија кој ќе го промени светот

Во 2016-та, Гејтс оваа изјава не ја поткрепува со ниеден постоечки метод за производство на обновлива енергија, но смета дека клучот за успех е во инвестиција во младите луѓе. Тој самиот има инвестирано 2 билиони долари во развивање на алтернативни технологии.

6) Неброено работни места ќе се изгубат поради автоматизацијата

Во интервју Гејтс има изјавено (како и многу лидери во разни индустрии) дека во светот на иднината луѓето ќе ги губат работните места поради роботите. Тој исто така понудил предлог план со кој роботите би се оданочувале со цел да се зголемат фондовите за работни места кои би биле наменети исклучиво за луѓето, како помагање на стари и изнемоштени лица или работа со деца.

7) Болеста полио би можела да се елиминира во светски рамки до 2019

Во писмо од 2013, тој објавил статистика која покажува дека полиото е редуцирано од милиони заболени луѓе на неколку стотици, и дека болеста сега е активна само во 3 земји во светот. Со инвестиција во вакцините, тој смета дека болеста би можела комплетно да се елиминира во светот во наредните неколку години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби