Кои професии први ќе настрадаат поради автоматизацијата?

Вештачката интелигенција забрзано го менува светот, а глобалната економија ќе се промени за да ја „пречека“ новата технологија, како што тоа секогаш го правела. Тоа значи дека некои работни места ќе станат комплетно автоматизирани, оставајќи ги луѓето без работа.

Еве неколку индустрии кои ќе бидат меѓу првите кои ќе го почуствуваат влијанието на автоматизацијата:

1) Продажба

За зголемување на можностите за што поголема продажба на продукти, важно е прецизно да се профилира онлајн однесувањето на купувачите. Тоа го прави овој индустриски сектор идеален кандидат за автоматизација, бидејќи вештачката интелигенција (АI) ќе се користи за анализирање на податоците и пронаоѓање на најдобрите насоки кои продажните тимови ќе треба да ги извршуваат. Како што технологијата ќе напредува, насоките ќе стануваат сè подобри и компаниите ќе мора да ги користат овие AI сервиси за да останат конкурентни.

2) Услуги на клиентите

До 2020, 85% од трансакциите поврзани со услуги на клиентите ќе бидат напојувани од AI системи и комплетно ослободени од човечка интеракција.

3) Tранспорт

Во 2015, 4.4 милиони луѓе биле повредени и 38 300 го изгубиле животот само на патиштата во САД. Возачите кои испорачуваат роба, камионџиите и возачите во јавниот превоз ќе бидат засегнати од напредокот на вештачката интелигенција. Персоналните автономни автомобили би требало да се појават на пазарот до 2018-та, а комерцијалните возила од тој тип би требало наскоро по тоа. Веќе помеѓу 2035 и 2050-тата, можно е воопшто професијата „шофер“ да не постои.

4) Испорака и логистика

Проблемите на логистиката како динамичкото менаџирање на рутите во реално време за да се зголемат брзините на испорака, како и ефикасната распределба на просторот во товарните контејнери и камиони се идеални кандидати за со нив да раководат AI системи.

5) Здравство и право

Ross, првиот AI адвокат, помага за одбирање на најрелевантните правни решенија во многу судски случаи, и ги презентира на англиски јазик. Тој исто така овозможува надгледување во реално време на одлуките кои потенцијално би можеле да го променат случајот на некој клиент. AI роботите, пак, во медицината, ги пребаруваат архивите за медицински досиеја и секвенци на гени. На тој начин тие пронаоѓаат дијагнози и модели на одредени медицински однесувања и појави, често пати многу попрецизно отколку човечките медицински професионалци.

Sedasys системот од Johnson & Johnson, пак, е одобрен од FDA автоматски да испорачува анестезија, а еден доктор може симултано да надгледува неколку машини, со што значително се намалуваат цените за хируршките процедури



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби