ВРЕМЕ Е ЗА ГЕНЕРАЛКА

Направете ред и во вашиот живот

Животот е како сложувалка која мора да ја составите, без разлика колку напор, труд и време е потребно за тоа. Дури и кога ви се чини дека никогаш нема да стигнете до крајот, односно дека има некои делчиња кои не се за во вашата сложувалка – верувајте дека и тоа делче сигурно има свое место во вашиот живот. Престанете постојано да анализирате што сте можеле или требале да направите за некои поминати работи или пак што ќе правите следните пет години. Не ви е потребно „патување низ времето“. Живејте сега, во сегашниот миг, учете од минатото, а фокусирајте се на сегашноста. Ако знаете како да живеете, иднината ќе ви биде загарантирано добра!

Фрлете го „ѓубрето“



Сѐ она што не го користите со години е ѓубре. Без разлика дали станува збор за стари хартии, преполни кутии со cd-а кои никогаш нема да ги слушате, стар мебел кој постојано го тргате од пред вашиот поглед, сувенири кои воопшто не ви се мили или облека која само зафаќа место во плакарот. Што можете, поклонете на некого, а што не, фрлете го и направете простор за нешто ново во вашиот живот и материјално и нематеријално. Ослободете место во домот. На тој начин ќе се ослободете и од негативната енергија.

Средете го хаосот



Средете го хаосот на бирото, кујнскиот шпајз или оној стариот фиокар во ходник во кој има сѐ и сешто. Тие места постојано се полнат, а кога ќе ви затреба нешто никако не можете да го пронајдете. Исчистете го, складирајте ги работите паметно и изненадете се самите себе.

Избришете ги фолдерите, фотографиите од поранешните партнери, средете ги профилите на социјалните мрежи



Според последните истражувања во Америка, просечен човек пред компјутер или некој друг екран, поминува седум часа дневно. Токму затоа, мора и во оној дигиталниот свет да го средите хаосот, сепак тоа е вашиот живот, иако е виртуелен.

Средете ги старите фолдери, избришете ги дуплите фотографии, филмовите кои сте ги изгледале... На овој начин се ослободувате од безбројните мемории и ослободувате место за нешто ново. Не ги заборавајте профилите на социјалните мрежи. Премногу статуси и постови на Facebook, фотографии на Instagram.. - враќајте наназад и избришете го сето она што не ви се допаѓа.

Завршете ја работата



Сте дошле на работа сте почнале да работите на нешто, испаднало друга работа, на крај трета и ништо не сте завршиле како што треба. Си одите дома незадоволни, а следниот ден започнувате повторно. Потрудете се да ги решавате важните работи и оние кои ви се врзани со рок, а потоа оние поневажните. Ако не можете да се сконцентрирате, направете си планер со обврски и потсетувајте се.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби