Kuchofuku климатизирана кошула

Линијата на климатизирани кошули на компанијата Kuchofuku e наменета за оние кои работат во интензивни услови и се изложени на високи температури. Во нив тие имаат вградено систем од два вентилатори, кој функционира без разлика дали сте на затворено во неклиматизирана типла канцеларија, или се наоѓате на отворено на пеколна температура, и спречува посериозни состојби како топлотен удар.

Kuchofuku климатизираните кошули се изработени од 65% полиестер и 35% памук, а вентилаторите (кои можат да се извадат за да облеката се испере) функционираат со помош на AA батерии кои им овозможуваат неколку часовна работа (8.5 – 11ч) со едно полнење.

Имаат две брзини на работа, кои се селектираат преку контролната кутија која се наоѓа на задниот дел. Циркулацијата на воздухот изнесува 20 литри во секунда при висока брзина на вентилаторите, и 12 литра при ниска.

Тежината на кошулата е околу 550 грама, а цената околу $135. За жал,покрај високата цена, климатизираната облека има уште една несакана последица од технологијата вградена во неа – кога се вклучени, вентилаторите ја надувуваат, што дефинитивно нема да помине незабележано од колегите или случајните минувачи.

Инаку, истата компанија произведува и климатизирани панталони, јакни и покривки за кревет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби