ИНОВАТИВНА АРХИТЕКТУРА

Историски објекти трансформирани во хотели

Нови хотели се отвораат насекаде низ светот, а повеќето од нив се со униформиран изглед со цел гостите да се чувствуваат како дома без разлика каде во светот се наоѓаат.

Меѓутоа, некои од најуникатните нови хотели имаат историја зад нив и се трансформирани од фабрики, затвори или канцеларии, во луксузни хотели. Еве дел од нив:

1) No Man’s Fort („Ничија тврдина“), Портсмут, Англија

Некогаш дом на стотици војници, оваа пловечка тврдина го одвојува Isle of Wight од англиското копно и сега е супер луксузен хотел и бања со само 22 соби. Во доцните 1800-ти, тврдината била изградена да ја заштити Британија од француската инвазија водена од Наполеон 3-ти, а денеска до неа се стигнува само со брод или хеликоптер.

2) Интернационален Хотел Трамп, Вашингтон, САД

Историски позната како „стара пошта и саат кула“, оваа зграда од 1899-та била потполно функционална пошта до 1914, кога била претворена во комерцијална зграда со канцеларии. Од компанијата на Доналд Трамп била купена во 2016 од кога е хотел, кој е рангиран како еден од најлошите хотели било кога и било каде.

3) Belmond Villa San Michele, Фиренца, Италија

Овој малечок луксузен хотел во 15-тиот век бил манастир, а до ден денес изобилува со богати градини и не сменета архитектура од тој период.

4) Liberty Hotel („Хотел Слобода“), Бостон, Масачусетс,САД

Хотелот се наоѓа во внатрешноста на стариот затвор на улицата Чарлс, кој бил изграден во 1851-ва и во него престојувале затвореници до 1990-та. По реставрацијата во 1991 која чинела 150 милиони долари, тој станал еден од најпознатите хотели во градот. На неговото минато потсетуваат оригиналните врати од ќелиите, како и имињата на рестораните како „Clink” (звукот на тропање на решетки) и „Alibi”.

5) Хотел во водена кула, Келн, Германија

Порано, оваа стара водена кула била највисоката во Европа. Меѓутоа, била оштетена во Втората светска војна и со години била руина. По реновирањето кое вклучувало вградување на 300 000 нови цигли, овој кружен објект станал хотел во 1990-та, и од тогаш е дома на два ресторани со Michelin ѕвезди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби