ОД СВОЕ ЌОШЕ

Чудовишта убиваат, не муслимани!

Утрово повторно се разбудивме со ужасна вест: За време на концерт на Аријана Гранде се случи терористички напад во концертна сала во Манчестер, Англија. Аријана ја слушаат тинејџери, деца од 10 години па нагоре.. Токму затоа најмногу од жртвите се деца! Според досегашните информации има починато 22 луѓе, 120 се повредени, а има и неколку исчезнати лица по кои се уште се трага.



Концертната сала каде што се одржа концертот „Manchester Arena“ е една од најголемите сали во Европа. Тереза Меј изјави дека станува збор за терористички напад приреден од ИСИС. Веднаш по ова соопштение ИСИС се огласија дека бомбашот-самоубиец бил нивен војник и прославувале за нападот. За најголем број на терористички напади кои се случија во изминативе години, се обвинети токму ИСИС.

Кои се тие?

Станува збор за група од Исламистичката држава на Ирак и Сирија, кои се обидуваат да ја прошират својата земја надвор од границите на Исламистичката држава. Тие се борат со мотото „Ал Каеда во Ирак“, а во 2014 година прогласија калифат. Тоа е всушност територија каде што владее калифа (титула на духовен поглавар кај муслиманите, што се смета за наследник на Мухамед). Од тогаш, тие имаат извршено 140 терористички напади во над 24 земји. Сепак, не станува збор за сите муслимани, туку за една воена група чија цел е да го прошири муслиманството низ целиот свет. Поради нивните напади, сега имаат починато над 2000 луѓе, меѓу кои и деца.



Многумина ги мешаат поимите на ИСИС и на муслиманите, па често ги обвинуваат сите муслимани. Ако се виновни сите муслимани, зошто тогаш имаше терористички напади и во Турција, Саудиска Арабија, Либија, Тунис, Јемен, Египет, Либија и уште многу други земји, каде што муслиманите се мнозинство? И самите себе ќе си се „истребуваат“?

Откако започнаа терористичките напади од нивна страна, многу муслимани излегоа на протести при што го изразија револтот против ИСИС. Тие не се ИСИС, нивната вера не значи дека ги подржуваат терористите. Тоа е исто како некој припадник на христијанската религија да изврши некој терористички напад и сите христијани да ги обвинуваат за тоа.



Виновен си ти ако твојот сосед си ја убил жена му? И ти си како него? Не! Без разлика на вера или религија, секој човек си ги оправдува своите постапки со она што го прави. Па, ако ИСИС се главно муслимани, воопшто не треба да значи дека веќе не треба да комуницираш со твојот колега Албанец муслиман, со твојот сосед Турчин муслиман или со секој еден припадник на муслиманската вера.

Најдобро е да размислите пред да осудувате некого, за да не ви биде подоцна криво, ако го изгубите пријателот.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби