СО IQ И ДО 230

Кои се најинтелигентните луѓе денес?

Многумина сметаат дека паметот и интелигенцијата се синоними. Сепак, интелигенцијата е способност за брзо и влијателно снаоѓање во нови и непознати ситуации, при што се мери со тестови за интелигенција. Додека некои луѓе се сметаат за паметни, други имаат и потврда за тоа, благодарение на нивните дејствија.



Според порталот SuperScholar.org, ова се моментално најпаметните луѓе во светот:

Теренс Тао – IQ 230, тврди дека за неговата интелигенција се виновни јунаците од Sesame Street. Веќе на две години ги знаел основните математички операции, а токму и тоа студирал на престижниот универзитет Princeton.

Кристофер Хајрат – IQ 225, бил чудо од дете, кој само на 14 години се запишал на Caltech, додека на 16 почнал да работи за НАСА. Не ни наполнил 23 години, а веќе ја држел во рака дипломата по астрофизика. Бил најмладиот Американец кој на 13 години освоил злато при натпревар по физика.

Ким Унг-Јонг – IQ 210, е Кореец со највисоко ниво на интелигенција. Како дете за помалку од еден месец можел да научи странски јазик, а само на 5 години решавал комплицирани диференцијални и интегрални задачи. Како тинејџер работел за НАСА, а по враќањето во Кореја се одлучил да студира градежништво.

Ричард Роснер – IQ 192, пораснал во Колорадо, каде што завршил гимназија и факултет. Иако имал висок IQ, Рик е сѐ само не класичен генијалец. Тој имал работено и како стриптизер, келнер, обезбедување, а сега работи како телевизиски сценарист и е позната медиумска фигура.

Гери Каспаров – IQ 190, е најдобриот играч на шах во светот, кој се кандидирал и за претседател, но подоцна се повлекол. Во 2005 година, решил да се посвети само политиката и пишувањето, а целосно се повлекол од шахот.



Џејмс Вудс – IQ 180, освоил максимален број бодови на државната матура, се запишал на познатиот UCLA, по што добил стипендија за на MIT. Сепак и покрај одличните резултати се одлучил за актерска кариера. За своите актерски способности освоил Emmy награда и две номинации за Оскар.

Пол Ален – IQ 170, како основач на Microsoft, Пол дефинитивно е еден од најдобрите примери за тоа како да се претвори знаењето во богатство. Со заработка од 14.2 милијарди, тој се наоѓа на 48 место на најбогатите луѓе во светот.

Сер Ендру Вилс – IQ 170, британски математичар, кој ја докажал Фермантовата теорема, која се сметала за најтешката математичка задача. На само 10 години, теоремата го заинтересирала, сепак подоцна се откажал од нејзино решавање, бидејќи немал доволно познавање од математиката. Доделена му е титулата Сер поради доприносот во математичкиот свет. Добитник е на 15 награди и признанија во математиката.

Џудит Полгар – IQ 170, е Унгарка која игра шах и тоа не само на женски турнири, туку игра и како прва жена против машки противници. Во 1993 година, ја победила поранешната светска прва жена во шах, Анатолија Карпова, а Гари Каспарова успеала да ја победи во 2002 година.

Стивен Хокинг – IQ 160, автор на седум бестселери. Познат е по доприносите во полето на космологијата и квантната гравитација, особено за објаснувањата за црните дупки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби