БЛАГОДАРАМ СЕ КАЖУВА СО СРКАЊЕ

Бонтон правила во разни земји во светот

Светот е чудно и изненадувачко место полно со историја која секојдневно се истражува. Со толку многу култури за истражување, секоја со сопствени социјални правила, не е изненадувачки нешто што се смета за бонтон во една земја да варира во друга која е од различен регион.

Еве некои „непишани правила“ поврзани со храната во дел од земјите во светот:

1) Авганистан – бакнување на паднат леб

Во Авганистан, доколку лебот ви падне на земја, потребно е да го кренете и бакнете.

2) Кина - правење неред и ждригање

Доколку сте повикани, на пример, на ручек кај Кинеска фамилија, домаќинот ќе претпостави дека сте уживале во јадењето доколку сте направиле неред околу масата. Оставање на малку храна во чинијата покажува дека сте најадени и не можете повеќе, но е непристојно да се остави ориз. Ждригањето е уште еден начин на давање на комплимент на домаќинот дека храната била добра, и воопшто не се смета за непристојно како што е тоа во други земји.

3) Египет – не си ја полнете самите чашката

Во Египет обичај е да се чека некој друг да ви ја наполни чашката со пијалак или вие да ја наполните на оној најблиску до вас. Доколку чашката е помалку од половина полна, тоа значи дека треба да се надополни, а доколку вашиот „комшија“ тоа го заборави, треба да му се даде знак со тоа што ќе го надополните пијалакот во неговата. Меѓутоа, никогаш не е прифатливо самите да си го надополнувате пијалакот во својата чашка.

4) Етиопија – се јаде со раце од една голема чинија

Во Етиопија храната се јаде без прибор и со десна рака, од една голема чинија наменет за сите. Во некои делови од земјата постои традиција наречена „гурша“, каде што луѓето се хранат едни со други.

5) Франција – лебот се користи како прибор за јадење

Французите никогаш не го јадат лебот како мезе – тој се јаде со „нормален“ оброк и се користи како прибор за јадење за собирање на храната од чинијата и внесување во устата. Тој дури и се поставува на масата на местото каде што вообичаено се поставуваат ножот и виљушката.

6) Италија – не се става пармезан на пица

Доколку самата пица нема пармезан на неа, не е умно да го побарате тоа, бидејќи ставањето пармезан на пица се смета за кулинарски грев во Италија.

7) Јапонија – „благодарам“ се кажува со сркање

Во Јапонија, особено кога се јадат нудли или супа, сркањето е знак на почит кон оној кој го спремил јадењето. Колку сркањето е погласно, толку заблагодарувањето е поголемо.

8) Земји од Блискиот Исток/Индија/Африка – јадење со раце

Во овие земји вообичаено е јадењето со раце, но внимавајте тоа да биде десната. Левата треба да остане што подалеку од храната бидејќи се користи за да се исчистите од неа.

9) Португалија – не додавајте зачини

Има смисла доколку храната не ви е „погодена“ да додадете зачини во неа. Но, во земји како Португалија или Египет, оној кој ја спремил ќе се навреди доколку додавате сол или бибер на јадењето – бидејќи тоа ќе значи дека не ја спремил како што треба.

10) Русија – чиста вотка

Во Русија, вотката секогаш се пие чиста, а додавање на било што во неа (дури и лед) се смета за „загадување“ на нејзината чистина. Единствен исклучок е пивото, кое кога се меша со вотка се добива пијалак наречен „јорш“. Тука, нудењето пијалак некому се смета за знак на доверба и пријателство, а одбивањето пијалак е исклучително навредливо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби