ОД СВОЕ ЌОШЕ:

Кредит за на одмор? Дали сте нормални?

Живееме во мошне тешки времиња. Крпиме крај со крај и платите не ни стигнуваат ни до 20-ти, а камо ли до крај на месец. Се трудиме да скратиме од многу работи, но некако кога доаѓаат летните одмори, на никого не му се седи дома. Иако нема доволно средства, сепак се одлучува да отиде на море и да се одмори.

До пред некое време, не знаев дека луѓе земаат кредити за на одмор со цел да си се прошетаат, да се одморат и да им овозможат на децата одмор каков што повеќето имаат. Ќе отидат во банка, па ќе земат некој кредит, кој ќе може да го враќаат подоцна, а сега нема потреба за тоа да се нервираат. Важно е да ги спакуваат куферите, да купат нови костуми за капење, да се чекираат на Facebook дека патуваат на море и одморот почнал. И тогаш си мислев, види ги бе, само да се шетало, не им е ни битно колку им е длабок џебот. Дали се нормални?



Сепак, застанав со „осудувањето“ и носењето на избрзани заклучоци за одредени луѓе. Одлично е тоа што може да си дозволиме да одиме на одмор и што за тоа не мора наеднаш да даваме над 500 евра, туку може да плаќаме на рати. Исто како што во туристички агенции плаќаме на рати, така е и со кредитот. Ако имам редовни месечни примања, зошто да не си дозволам еден кредит за на одмор? Лошо е ако почнеш да продаваш злато за да заминеш на одмор, а за кредити и за на рати воопшто не е срамота.

Дури и јас да сум родител и јас би го однела моето дете на одмор со кредит, ако не можам да си дозволам наеднаш да искеширам пари. Секако дека ќе го земам тој кредит кој подоцна ќе може да го отплаќам, сепак останува на банката да одлучи дали ќе ми дозволи. Денеска има многу повеќе можности отколку порано. Животот е поскап, стандардот е повисок, но и опциите се намножија.



Затоа, пуштајте си ги нозете (на рати) на чергичето, направете си план и спремајте се да уживате на некоја плажа. Нема да сте ни први ни последни што тоа го направиле. И кога некој ќе почне да зборува лошо за вас, воопшто немојте да се затрчувате да им одговорите. Живејте си го животот како што вас ви одговара. Парите идат и си одат, времето не се враќа.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби