ИСКРЕНО И ДЛАБОКО ОД СРЦЕТО НА ЕДНА ЖЕНА

На крај што е човек без љубов?

Секоја љубов има свои подеми и падови. Понекогаш падот е благо губење на рамнотежа, а друг пат брутално трескање на земја.

Секој маж може да биде оној идеалниот, се додека знае како да ја заскокотка женската фантазија и што е поважно да го задржи интересот на достојно ниво.

Сепак, некои мажи никогаш нема да ја научат вештината на задржување жена, не затоа што не им оди од рака, туку затоа што пукаат од его, како балон со жежок воздух. Кога ќе го пукнеш, од него не останува ништо освен издишана гума.

Таков беше и мојот сопруг. Сезнајко полн себе, секогаш подготвен да ти ги улови мааните, додека вешто си ја крие опашката. Ама да не се лажеме, кој си ја бара бељата, си ја наоѓа. Не дека и јас бев нешто подобра. Заљубена изгубена, со двете нозе во облаци, запната тој, па тој. Пусти мерак, блесава работа, ама додека се освестиш прошол возот. А можеби и не?

Десет години подоцна, ни љубов, ни страст. Ни здраво како си, ни здраво што правиш. Сè во круг, сè во рутина. Што беше тоа „те сакам“? Каде ли само се изгуби?

Сега сме само две души што се бркаат во лавиринт на секојдневие филувано со обврски и грижа за деца. Толку...Има друга, имам друг и си бркаме работа. Не е дека нешто се мразиме, само некако и не се сакаме. Кога ќе подразмислам подобро, никогаш и не сме се сакале, барем не онака вистински. Ние сме само двајца различни луѓе заробени во брак поради децата, поради „што ќе речат луѓето“ и поради „што потоа“. Кој се заглавил на ова место, знае што зборувам.

А, како дојдовме до тука? Вистината е дека секогаш бевме тука, само не го увидовме тоа на време. Тоа е она кога свесно ги игнорираш работите, надевајќи се дека тој што е спроти тебе ќе се смени. Си правиш бaјрам со паметот, дека твојата љубов ќе го смени, но тоа никогаш нема да се случи. Додека тебе душичето ти копнее по некој мал гест на љубов, за него тоа е нешто безвредно. Никогаш нема да го види она што го гледаш ти. Не затоа што е лош човекот, туку зошто така е скроен. Скроен за некој друг рамен на него, ама не и за тебе. Кога ќе се разбудиш од филмот што сам си си го изрежирал, јасно ти е колку е саат, ама немаш сила за нов почеток.

Знаеш, тешко е да си дадеш втора шанса кога еднаш веќе си изгорел. После пазиш да не се догориш. Ама ај можеби нема...На крај што е човек без љубов?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби