ОД СВОЕ ЌОШЕ

Шамарот не е љубов, туку искреноста, довербата и разбирањето

Неодамна на интернет налетав на едно истражување во кое средношколци објаснуваат што е љубов и како ја доживуваат истата. Според нив, тоа што момчето кревало рака на девојката било сосема во ред, а исто така и тоа што им ги проверувал профилите на сите социјални медиуми било само една обична контрола од љубов. Не знам дали да се чудам на умот на средношколците или на умот на нивните родители.

Па добро бе млади, знаете ли што значи љубов? Знаете ли што значи кревање рака? Знаете ли дека тоа е насилство?

Пред да почнете со изговорите како тоа е нормално или како секој си го жнее она што ќе си го посее, тргнете си од вас. Дали вие сакате да го имате пасвордот од Facebook профилот на вашето момче само поради тоа што сте многу заљубени? Дали сакате вие да кренете рака на него ако направи нешто што не ви се допаѓа? Зошто толкава контрола ако се имате еден со друг?



Љубовта е почит, разбирање и доверба. Не е само едно обично „те сакам“ и поминување на неколку ноќи заедно. Љубовта е борба во која и двете страни се внесуваат целосно и со целото свое срце. Се уште сте мали да сфатите дека за да сакате некого не ви требаат пасворди, контроли, а уште помалку „воспитни шамари“. Ако некого сакате, се трудите за тој човек, искрени сте кон него, правите работи за да го насмеете и му помагате секогаш без изговори. Едноставно тој пат треба да го изодите заедно и целосно внесени да градите нешто што ќе трае долго време.

Сфатете ја љубовта како некој цвет кој треба да го опсипувате со нежности, на кој треба да му посветувате внимание, да го наѓубрувате и наводнувате постојано за да расте и да се развива. Имајте разбирање за партнерот и неговите обврски и бидете постојано тука за него.

Немате поминато доволно работи за да размислувате за љубовта на овој начин, затоа што сега најголема грижа ви е дали ќе му се допадне фустанот што сте го облекле вечерва. Но, за некоја година, кога ќе сфатите што точно е љубов, ќе ве интересира довербата и разбирањето од негова страна. Тогаш кревањето на рака ќе направи да избегате од него како да е најголема чума, а кога ќе ви побара пасворд од некоја социјална мрежа ќе помислете дека не е дораснат за вас.

Затоа, мили средношколци, уживајте во авантурите кои сега ви ги нуди животот. Излегувајте, одете на журки и забавувајте се со целото друштво. Имате време за љубов, за тажни и бессони ноќи, како и за разбирање на љубовта. Никогаш нема да ви се вратат овие безгрижни денови исполнети со радости и смеи, па затоа максимално уживајте во тинејџерството.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби