Едно 11 годишно момче има поголем процент на интелигенција од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинд. Тој покажал неверојатни 140 поени од максимални 162. Со ова, тој за два поени ги надминува и двајцата гении.
Арнав Шарма го поминал тестот без претходни подготовки и никогаш пред тоа не видел како изгледа еден тест за интелигенција.
- Овој тест е многу тежок и не можат многу луѓе да го поминат, па не очекував ни јас да го поминам. Го направив за два и пол часа, заедно со уште осум луѓе во просторијата. Воопшто не се подготвував и не ни бев нервозен пред полагањето. Моето семејство беше изненадено од резултатот, но и беа мошне среќни.
Арнав доаѓа од Индија. Уште на 2 години тој извршувал математички задачи со броеви до 100, а потоа мајка му престанала да го учи, бидејќи тој знаел многу повеќе од неа. Од хоби практикува кодирање, играње бадминтон, свирење на пијано, пливање и читање, а исто така има многу добри географски познавања и ги знае главните градови на земјите низ целиот свет.