Приказни зошто очајно ни треба одмор

Сите се согласуваме дека навистина ни треба одмор. Сакаме да заминеме некаде настрана многу почесто отколку што одиме, па често бараме кога има продолжен викенд во годината за веднаш да се спакуваме. Кога доаѓа пак летниот одмор, тогаш ги броиме деновите и едвај чекаме да заминеме на одмор.

Верувајте дека не сте само вие желни за одмор. Има и такви на кои очајно им треба одмор, а зошто - прочитајте самите:



Конечно ми дадоа одмор од работа, кога се појавив на состанок во 9 часот наутро облечена во сако под кое ги носев моите пижами и домашните папучи.

Денес е трет ден од мојот одмор. Си го поставив алармот да ми ѕвони во 6 часот наутро. Кога ѕвони, сакам да го исклучам, да си се склопчам во креветот и да си заспијам знаејќи дека денес имам да правам еден куп ништо.

Со момчето конечно отидовме на одмор за прв пат по четири години постојана работа. Неговите клиенти постојано го бараат кога е на работа. Првото утро во хотелот, алармот почна да ми ѕвони. Се сврти кон мене, целосно буден и ми кажа „Те молам почекај, ќе те барам за кратко“.

Ах, како ми треба одмор. Денес перев, ја чистев куќата, направив ручек, миев садови, маринирав зеленчук, направив вечера, пак миев садови, чистев некои играчки, ги прошетав децата, им ги чистев чевлите, диплев алишта и ги заспав децата. Сега е 10 часот навечер – време ми е за одмор.

Работам како бебиситерка. Сфатив дека ми треба одмор кога и пеев приспивна песна на мојата мачка.



Се сеќавате кога можевте да трчате низ дома само по гаќи? Можеше да викаш, да си играш и да гледаш цртани по цел ден. Ах, колку добри времиња беа тие. Сакам пак таков одмор. Моментално имам 28 години.

Еднаш земав одмор, а на колегите им кажав дека ќе одам на некои острови. Всушност, си чував пари за крем за сончање и се сончав на мојот балкон. Имаше многу сонце тогаш, па се исончав. Го немав оној исончаниот тен од море ниту пак песок на моите стапала, но го поминав најрелаксирачкиот одмор кој некогаш сум го имал.

Денес се собравме со колегите. Сите беа вратени од одмор и сите купиле нешто од каде што биле. Некои донеле вино, други магнети. Еден колега се појави со скулптури од Париз, а друг со сапуни од Турција. А јас? Јас донесов еден домат кој дома си го одгледував.

Програмер сум. Сфатив дека ми е време за одмор кога се трудев да ги најдам „ctrl + c“ и „ctrl + v“ на замислена тастатура во глава, со цел да го копирам превкусниот ручек на мојот колега
.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби