Следниот пат кога ќе се најдете на брод и во близина на ајкули, размислете два пати колку близу ќе стоите до оградата.
Деновиве на социјалните мрежи можеме да погледнете поприлично застрашувачка снимка, на која што е прикажана ајкула, што наводно сама скокнала на палубата на брод.
Крволочна ајкула се обидува да се врати вода, но не успева, па на крајот луѓето од бродот ја врзуваат за задниот дел и полека ја спуштаат во морето.
Судејќи по она што се гледа на снимката ајкулата не го преживеа „излетот“ на суво.
Многумина кои го погледнаа видеото на социјалните мрежи коментираат дека една ваква ситуација е малку веројатна да се случи. Други пак им забележаа на луѓето кои се најдоа на бродот дека не направиле сè за да го спречат мачењето на рибата.