ИЗВИНУВАЊЕ ЗА ПОНЕЖНИОТ ПОЛ

Ни на крај памет не ни било да вршиме дискриминација!

Интернационалниот Атлетски Маратон Охрид практично се заплетка во сопствената мрежа на објаснувања, откако го објави флаерот за претстојниот маратон.

Она што падна во очи и разлути многумина несомнено е фондот на награди наменет за жени. Иако мажите и жените, плаќаат исто учество од 10 или 15 евра во зависност од датумот на аплицирање, фондот на награди за жени е двојно помал, што е типичен пример за родова дискриминација.

Објаснување? Тешки времиња...

               За жал скоро секоја година се судираме со тоа прашање зошто наградниот фонд за Меѓународниот Атлетски Маратон не е ист за мажи и жени. Значи не се работи за непочитување на понежниот пол туку за факти кој сметаме дека се реален израз за таквиот став. Наиме како прво во последниве години а и скоро секогаш во минатото учесничките од понежниот пол биле 10 па и помалку од 10% во однос на вкупниот број на учесници така да сметаме дека е многу полесно од 10 учесници да освоиш едно од првите 3 места одколку од 90 и повеќе,а секако и самите припреми се сигурно многу потешки за да се стигне до првите 3 места во машка конкуренција одколку во женска конкуренција.Покрај тоа ретко кога имало повеќе од 2 квалитетни учеснички од странство кој се бореле за првите 3 места додека во машка конкуренција скоро секогаш имало повеќе од 6 учесници кој агитирале на првите 3 места.

Покрај тоа како што знаете сите секоја година кубуриме со финансиите,но секако го имаме и тоа дискреционо право да доколку реално оваа година има доста јака конкуренција кај понежниот пол да собереме сили и да го зголемиме наградниот фонд.

Се надевам дека ја свативте мојата порака и дека ќе се сложите со мене.

                                Председател на Организационен Одбор
                                Пецо Неданов

Тешки времиња за маратонот и уште потешки за правописот, барем по она што го прочитавме погоре...

По бурните реакции, организаторот излезе со уште едно соопштение во кое се обиде да ја поправи штетата од претходниот пост. Сепак, наместо да ја смири топката, уште повеќе се заплетка.

Реакциите на постовите не стивнуваа, што јасно се виде од дел од коментарите кои следат во прилог. 

   -Со овој пост повторно ги дискриминирате жените. Имате две конкуренции, а не вкупни победници на маратонот. Ако се водиме според вашата логика тогаш зошто наплатата за учество на маратонот е иста за мажи и жени. Искрено се надевам дека сите ќе ви го бојкотираат маратонот, па може ќе научите како да го ориганизирате подобро во иднина – Снежана

   -Ако ви биле скромни средствата, пак сте можеле 50:50 да ги поделите, макар и 50 евра вкупно да сте имале, Мизерно оправдување, како не ви е срам -Маја

   -И ова не го бива, ај размисли уште еднаш, нека ти легнат сите коментари и критики, па смисли ново соопштение – Аница

  -Тие мажи што ќе трчаат ги родила жена, што жените се втора рака ли? Никаде во светот нема посебна награда за жени , посебна за мажи, Јавно извинување, или мажи што ќе учествуваат бојкот на настанот. Брука! –Гордана

  -Ако веќе кубурите со средства, направете го хуманитарен маратонот. Нека нема парични награди, сите средства нека одат некаде каде има потреба. По фер од тоа, мислам здравје! – Билјана

Пред 20-тина минути, Интернационалниот Атлетски Маратон Охрид, конечно им се извини на сите припаднички на понежниот пол и објави дека ни на крај памет не ни било да вршат дискриминација.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби