РАЗЛИЧНИ „ЛЕКОВИ“

Како се справуваат луѓето со мамурлак ширум светот?

Сите знаеме дека мамурлакот не е воопшто пријатно чувство и дека покрај препораката за пиење што повеќе вода и течности и внесување на калорична храна, не постои некој универзален „лек“ за него. Во нашата земја како „лек“ често се препорачува пиење на расолница, а еве како со мамурлакот се справуваат во некои други земји:

1) Полска – течноста од тегла кисели краставички



Полјаците велат дека што повеќе оцет во течноста, тоа подобро. Некои дури во неа додаваат и непастеризирано скиснато млеко кое седело на дневна температура еден или два дена, но ако веќе се решите да го лечите мамурлакот со кисели краставички, би ви препорачале да го избегнете делот со млекото.

2) Англија – млечен трн

Оваа билка богата со оксиданси се користи за природно лечење од мамурлак – нејзината ефикасност е поткрепена со научни истражувања кои покажуваат дека го штити црниот дроб од токсини, а клучната супстанца заслужна за нејзината ефикасност е флавоноидот наречен силимарин. Некои велат дека пиење на екстрактот од оваа билка вечерта и утрото по пиењето комплетно ги елиминира непријатните симптоми.

3) Америка – Крвава Мери (The Bloody Mary)

Не за џабе велат клинот со клин се избива. Сокот од домати кој го содржи овој познат коктел има најголема концентрација на ликопен од било која храна, а целерот кој му се додава е полн со витамини кои помагаат за намалување на мачнината. Иако, реално, далеку поефективен “лек“ би бил помалку забавниот рецепт The Virgin Mary, кој не содржи вотка.

4) Перу – Leche de Tigre

Иако преводот значи “тигрово млеко“, порцијата од ова јадење не содржи млеко од било каков вид. Се состои од сок од лимети, кромид, чили пиперчиња, сол, бибер и сокови од морските плодови кои се маринираат во сето ова, а наводно функционира и како афродизијак.

5) Јужна Африка – омлет од јајце од ној

Омлетот од едно јајце од ној е еквивалентен на омлет од 24 јајца од кокошка, па замислете колку протеин содржи овој моќен појадок после целовечерно пиење алкохол и колку треба да се гладни да го изедете сами целиот (што не се препорачува).

6) Германија - Katerfrühstück

Германците го јадат овој појадок кој се состои од маринирана харинга со кисели краставички и кромид по бурната ноќ.

7) Бангладеш – кокосова вода

Кокосовата вода ги обновува електролитите и е 100% природна, а исто така е и одличен начин да останете хидрирани за време на пиењето алкохол доколку пиете и од неа, или алкохолот го „сечете“ со неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби