Што да правите во случај на нуклеарен напад?

Иако се надеваме дека никогаш нема да имате потреба да ги примените овие совети, сепак не е лошо да се знае како е најдобро да се изреагира во случај на нуклеарен напад.

Ќе бидете свесни за нуклеарна детонација кога ќе забележите силна бела светлина чиј сјај може да ве ослепи доколку сте на растојание до 80km од местото на експлозијата. Други знаци на нуклеарна експлозија се скоро инстантни изгореници од прв до трет степен доколку сте во зоната до 16km од експлозијата, како и препознатливиот облак во форма на печурка.


За оние кои ќе го преживеат ова следното е барање засолниште, за што се препорачуваат објекти направени од што погуст и дебел материјал – што подебел, тоа подобро.

На пример, криење во структури направени од цврсти цигли или бетон кои немаат прозорци или подрумски простории ќе ве изложи на само 1/200-тина од радијацијата на која би биле изложени на отворено. Се разбира, доколку во близина имате нуклеарно засолниште, тоа е дефинитивно идеалниот избор.

Дрвените структури за жал нема премногу да ве заштитат од радијација, но се подобри од останување на отворено. Доколку можете да се скриете во поцврсто засолниште за околу 5 минути од првото изложување на радијација, треба тоа да го сторите. Доколку за да пристигнете таму ви е потребно повеќе (до 15-тина минути), останете каде што сте најмалку еден час, бидејќи во тој период голем дел од првичната радијација ќе се намали.

Се препорачува да стоите настрана од било какви врати или прозорци и доколку некој дел од телото ви бил експониран на радијацијата, по можност истуширајте се или забришете се со влажна крпа и фрлете ја контаминираната облека во пластична кеса која ќе ја затворите најцврсто што можете и ќе ја оставите што подалеку од луѓе. При туширањето може да се користи шампон или сапун, но внимавајте да не ја изгребете кожата. Не користете кондиционер за коса бидејќи ќе го спои радиоактивниот материјал со косата. Штом сте чисти, издувајте го носот, избришете ги очните капаци, трепките и ушите, за да се отстрани било каков преостанат радиоактивен материјал.

На крај, пијте вода и јадете храна исклучиво од затворени пакувања. Доколку бидете спасени од спасувачките тимови, задолжително поминете го процесот на деконтаминација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби