КАЈ УЧАТ СВЕТСКИТЕ СТУДЕНТИ?

Најубавите универзитетски кампуси во светот

Големите држави, како што е Велика Британија, можат да се пофалат со мошне добри универзитети во кои се школуваат едни од најпаметните студенти. Но, освен одлично рангираните светски универзитети, она што е исто така интересно се и кампусите каде што студентите поминуваат најмногу време додека студираат.

Кои се најубавите универзитетски кампуси?

Универзитет Флаглер, Флорида



На овој универзитет може да учите, додека некои луѓе буквално одат на одмор. Се наоѓа во најстариот град во Америка.

Тринити, Даблин



Изграден според универзитетите Оксфорд и Кембриџ, универзитетот Тринити е основан во 1592 година и е еден од седумте најстари универзитети во Британија и Ирска. Располага со 25 различни факултети, а главната библиотека со над 6.2 милиони книги.

Јужен универзитет, Тенеси



Овој приватен универзитет е сопственост на 28 епархии од Епископската Црква. Универзитетот се наоѓа на територија на платото на Камперланд, на планината Апелачи.

Квин, Ирска



Универзитската зграда на Квин изгледа повеќе како кралска палата, отколку како универзитет за студенти. Ова е една од најпосетените градби во оваа земја, а се состои со над 250 згради изградени во готски стил.

Принстон, Њу Џерси



Основан во 1746 година, универзитетот Принстон е еден од четирите најстари институции за високо образование во Америка.

Саламанка, Шпанија



Основан во 1134 година, универзитетот Саламанка е еден од најстарите универзитети во Шпанија и третиот најстар универзитет во светот. Лоциран е во западна Шпанија.

Корнел, Њујорк



Ендру Диксон Вајт и Езра Корнел се запознале во сенатот во Њујорк во 1864 година, а по една година решиле да отворат универзитет. Токму овој универзитет се наоѓа на најубавата локација во Њујорк, а е погоден за сите оние кои сакаат да го почувствуваат градот во вистинска смисла.

Дартмаут, Њу Хемпшајр



Овој универзитет е сместен во срцето на Хановер, па иако некои делови се уште се во изградба, поголемиот дел од кампусот е изграден во конзервативен грегоријански стил.

Сан Диего, Калифорнија



Универзитетот во Сан Диего е вистински избор за оние кои сакаат да го гледаат океанот од високо додека повторуваат пред испит. Изграден е типично за една градба која се наоѓа во туристичко место, со сина и бела фасада.

Лондон, Англија



Универзитетот во Лондон повеќе наликува на замок отколку на универзитетска градба. Ова е една од 18-те независни институции во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби