ОД СВОЈ АГОЛ

Плати 100 денари ако сакаш да влезеш во црква?!

Пред неколку недели бев во посета на Охрид. Градот е магичен, а кога го посетуваш те облева некоја посебна смирувачка енергија.

Особено ми се допаѓа тоа што иако постојано го посетувам, секогаш се чувствувам убаво и исполнето. Кога го гледаш зајдисонцето и сончевите зраци кои се слеваат по Охридското езеро, чиниш си на некоја бесплатна терапија во која исчезнуваат сите проблеми и немири во тебе, а откако ќе зајде си како нова личност. Можеби тоа е така затоа што најубаво е да го гледаш од некоја височина, со цел да имаш подобар преглед и кон езерото и кон градот.



Јас го гледав од височините на црквата Св. Јован Канео. И откако зајде, посакав да влезам во црквата, да се заблагодарам за доживеаната убавина. Сепак, бев видно изненадена од фактот дека морав да платам влез. Кој става влез во црква? Нели е тоа храм за христијаните изграден со наши пари и донации? Од кога црквите станаа место на кое што се заработуваат пари од луѓе кои сакаат да влезат и да се помолат?

Се разочарав. Нашиот бисер заработува преку божјите домови, од луѓето кои имаат мака, кои сакаат да запалат свеќа. Како турист кој прв пат го посетува Охрид, би платила за да влезам во црква која навистина ми се допаѓа, но како Македонка, која повеќе пати влегла внатре, нема да влезам, затоа што со самото тоа што ми наплаќаат влез за во црква се чувствувам како туѓинец во своја земја. Како некој да сака да ме избрка од место во кое можам да влезам кога и да посакам.



Туризмот во Охрид не се развива од пред една година, па ајде од се живо ќе заработуваме, туку истиот е уште од кога постои градот. Во црква секој може да си остави колку пари сака, да донира за црквата или да си купи нешто од тезгите во дворот, но никој не може да ми каже дали јас треба да платам 100 денари за да влезам внатре.

Не е ова музеј со некои скапи експонати, туку црква отворена за секого. Доволно ви се сите други туристички атракции, хотели, апартмани, ресторани преку кои може да заработувате од туристите кои ве посетуваат, но ве молам не ни го рушете мирот кој ја шири природната убавина во Охрид со влез во цркви.

Ваша, А

*колумнистот има авторско право врз фотографиите

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби