СТАНЕТЕ И ВИЕ СО 15 МИНУТИ ДНЕВНО

Најсреќниот човек на светот ја открива својата тајна

Метју Ричард е 69 годишен будист од Тибет, кој научниците го нарекуваат најсреќниот човек на светот. Тој тврди дека тајната за среќа одзема само 15 минути дневно.

Тој учествувал во 12-годишно истражување на мозокот за медитација од универзитетот во Висконсин. Предводникот на истражувањето, научникот Ричард Дејвидсон му поставил на Метју 256 сензори на главата и открил дека мозокот на Метју за време на медитација му бил невообичаено „лесен“.

 

- Мозокот на Метју произведува ниво на гама бранови, поврзани со свесноста, вниманието, учењето и помнењето кои никогаш претходно не се објавени во литературата на неврологијата. Скенирањето исто така покажа претерана активност во левиот кортекс на мозокот во споредба со неговиот десен кортекс, што овозможува невообичаено голема способност за среќа и намалена склоност кон негативности, објаснува научникот Дејвидсон.

Метју вели дека понекогаш медитира цел ден без да чувствува досада и признава дека е навистина среќна личност. Освен оваа тајна, тој сподели и уште неколку совети за среќа.

Престани да мислиш „јас, јас и јас“

На алтруизмот не треба да му се придава многу важност, бидејќи ако мислите цело време на себе и го правите она што е најдобро за вас, тоа е мошне исцрпувачко, стресно и води кон тоа да не се чувствувате среќно. Метју советува дека треба да сте добронамерни за да сте среќни, бидејќи освен што вие ќе се чувствувате среќни и другите ќе се чувствуваат подобро. Секако, треба да внимавате на тоа вашата добронамерност да не се искористува.

Тренирај го мозокот како да го подготвуваш за маратон



Метју верува дека секој има способност да има „полесен ум“ бидејќи постои потенцијал за добро во секој еден човек.

- Со ментален тренинг, секогаш може да ја доведеме нашата среќа на друго ниво. Тоа е како трчање Ако тренирам, со мозокот може да истрчам маратон. Не може да станам олимписки првак, но огромна е разликата помеѓу тоа кога вежбате и кога воопшто не вежбате, па зошто истото да не се однесува и на умот? Постои размислување дека добронамерноста, вниманието, емоционалната рамнотежа и флексибилноста се вештини кои може да се вежбаат. Значи, ако ги ставите сите заедно, би можеле да кажете дека среќата е вештина која може да се научи, додава тој.

Секој ден барем 15 минути размислувај позитивно

Обично, кога доживуваме чувство на среќа и љубов, тоа чувство минува па потоа се случува „нешто друго“ и се концентрираме на друга мисла. Но, наместо тоа, Мету советува да не дозволиме нашиот ум да биде совладан и да се сконцентрираме на позитивни мисли 15 минути секој ден. Ако тоа го правиме секој ден, само по две недели може да почувствуваме позитивни промени. Токму на тоа размислување целат и научниците. Дејвидсон според своите истражувања откри дека дури 20 минути медитирање може да не направи посреќни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби