НЕКОИ УБАВИ, НЕКОИ ИНТЕРЕСНИ, А ИМА И ГЛУПАВИ

Фотографии кои засекогаш го променија интернетот

Секојдневно на интернет се објавуваат милиони нови фотографии од луѓето низ светот, од обични „смртници“ па сѐ до професионални фотографи. Сепак, никој не може да влијае врз популарноста која ќе ја добијат тие фотографии. Некогаш навистина е добра самата фотографија, некогаш потребно е некоја позната фаца да ја сподели, а најчесто успеваат оние разголените фотки. Погледнете кои фотографии засекогаш го променија интернетот:

На најубавиот криминалец, Џереми Микс, му се смени животот откако негова фотографија беше објавена на официјалната Facebook страна на полициската станица во Калифорнија. По фотографијата, криминалецот потпиша договор со модна агенција уште пред да излезе на слобода.


Селфи на свадба со Том Хенкс – кога актерот трчал, младоженците правеле фотосесија во паркот. Ова е тоа во вистинско време на вистинско место.

Elizabeth and Ryan! Congrats and blessings! Hanx.

A post shared by Tom Hanks (@tomhanks) on


Селфи фотографијата на Елен Деџенерис на доделувањето на Оскар.


Моментот кога Леонардо Дикаприо конечно доби Оскар! Сите бевме премногу возбудени, а тој го искористи тој историски момент да ја подигне свеста за климатските промени.


Барак и Мишел Обама, чија љубов сѐ повеќе растеше пред целата јавност.


Една од најдобрите манекенки на сите времиња, Жизел Бундчен, која во еден момент има време буквално за сѐ!


Ријана со фустанот на церемонијата по повод Мет Гала. Многумина ја исмеваа дека фустанот наликувал на кајгана, но таа знаеше дека е ѕверка.


Фустанот кој покрена толку многу дебати на социјалните мрежи за тоа дали е златно-бел или црно-син.


Настапот на Бијонсе на Super Bowl, 2013 година. Не беше толку интересен настапот колку фаците кои таа ги правеше.


Повторно Бијонсе, но овој пат со нејзините близнаци. Таа дигна огромна фама во врска со втората бременост, па мораше и така да ја заврши.

Sir Carter and Rumi 1 month today. 🙏🏽❤️👨🏽👩🏽👧🏽👶🏾👶🏾

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on


Насловната на магазинот „Paper“ со Ким Кардашијан во 2014 година, која потоа беше тема на многу мемиња.


Косата на Кендал Џенер, која во една година беше најлајкувана на Instagram.

A post shared by Kendall (@kendalljenner) on


Споменикот на Јакуб Вејхер во Полска кој после снежна бура стана Dart Vader.

Мекајла Марони, млада гимнастичарка од САД, воопшто не беше задоволена со сребрениот медал на Лондонските олимписки игри во 2012 година. Најверојатно очекувала многу повеќе.


Готвачот Нусрет Гокче од Турција, стана популарен по начинот на кој става сол на храната. Потоа сите девојки го посакуваа.

Dunyanin tadı ve tuzusun dediler#salt #saltbae #saltlife

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et) on


Една Руска двојка успеа да воведе тренд на парови наречен „следи ме“. Тие двајца се фотографираа на различни локации низ светот, каде што девојката го води своето момче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби