САМО УСОВРШЕТЕ ГИ

Хобија преку кои може да заработувате

Сите имаме хобија со кои се занимаваме во нашето слободно време или кога ни е преку глава од работните обврски. Ако се сконцентрирате само на усовршување на вашето хоби, може да станете толку добри што комотно истото ќе може да ви донесе заработка. Се што треба да направите е профил на познати страни за фриленсери, кои ги има многу. Од кои хобија може да заработувате?

Пишување



Пишувањето и објавување на интернет може да ви понуди повеќе отколку што мислите. Може да ја продлабочите вашата кариера и да станете експерти за некоја тема која ве интересира. Истражувајте, пишувајте и објавувајте ги текстовите на своја веб-страна или на некој блог. Исто така можете да ги нудите вашите пишувачки услуги.

Илустратор



Ако имате искуство во илустрирање и дизајн, истото може да го преточите во ваша кариера. Нудете ги своите услуги и истите објавувајте ги во ваше портфолио на профилите. Ќе привлечете клиенти и добра заработка.

Комедијант



Ако знаете како да ги насмеете луѓето (не мислиме на вашите најдобри пријатели и семејство), тогаш можете да заработувате од тоа. Направете стенд-ап шоу, снимајте се и објавувајте ги видеата, само потрудете се истите да се јавно споделени за да може да стигнат до што е можно поголема публика. Никогаш не можете да знаете до кој може да стигнат.

Готвење



Храната стана вистинска уметност со оглед на постојаното менување на трендовите. Ако сте еден од оние кои обожаваат да готват, понудете им на некои пријатели кои прават забава да подготвите нешто. Ставете мали картички на колачите со ваш контакт, па на некој ако му се допадне ќе ве земат во предвид. Отворете страна или пак објавувајте фотографии од вашата „уметност“.

Фотографирање



Ако имате добар фотоапарат и осет за фотографирање, тогаш сте на вистинскиот пат. Направете добри и уникатни фотографии, објавете ги и веднаш ќе се најде некој кој ќе сака да го фотографирате. Понудете ги вашите услуги на некоја страна и уживајте додека заработувате.

Направи сам



Ако обожавате самите да изработувате најразлични работи како на пример свеќи, бомби за бањање, накит или што и да е, ако сте добиле мошне позитивни коментари, зошто од истото да не заработувате? Понудете ги вашите продукти на луѓето, објавете ги и видете ги нивните реакции. Ако им се интересни, луѓето ќе почнат да ги нарачуваат.

Запомнете: Ако сте упорни, еден ден се ќе се исплати. Само трудете се, не се откажувајте и верувајте!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби