Зошто продавате илузија дека имате совршен брак?

Брак...Каков ви е, таков ви е. Ваша интима, ваши правила. Сепак, од каде потребата да го нашминкате како идеален, кога воопшто не е така? И како се справувате со недостигот од вистинска среќа во вашиот живот?

Сè повеќе луѓе попрво би се изеле живи, отколку да се повлечат од фарсата која решиле да ја презентираат пред светот. Ова особено важи за социјалните мрежи каде сите нешто припаѓаат од љубов, посветеност на бракот и вредностите, а во реалниот живот не можеш да им се изначудиш.

Прво ќе се рашамараат зошто некој некого изневерил, па ќе се разбегаат секој по своето матично дома, зошто нели кај мама и тато секогаш е најдоброто прибежиште. По некое време ете ти слика на FB – Љубов моја, сонце мое! Моја сакана! Мој единствен!

Ај ај ај ај....Кај ми се пуканките? Ова бре подобро од сапунска серија!

Не дека некој ви го осудува стилот на живот кој го фурате, ама што е со потребава за драма и за лупање од земја дека ви цветаат ружи? Особено кога имате деца, кои секој ден гледаат што прават мама и тато и се чудат на претставата.

Посебно ми се интересни ликови кои вчера си ваделе очи, а денес се слика на совршен брак. Тој не се прибира дома, таа има љубовник, а на Facebook се семејството од соништата, со кое немој да ти текне да разврзеш тема брак!

-Нашиот брак? Ние сме сплотени! Ние сме едно! Ние се сакаме! Со тебе нешто не е ОК!

Уште од горе се расфрлаат со коментари за туѓиот морал, ова било во ред, она не. Нивното среќно семејство трае до следната епизода на „Мрш говедо едно!“ кога серијата се враќа на стартна позиција и почнува од ново. Битно на крајот од денот на FB децава се сакаат. Happily ever after! Или по нашки додека работава не кулминира со маалски скандал, кога се влечеле за коси и се навредувале со погрдни зборови.

Знаете ли што серии од домашна продукција може да излезат со ваков материјал?! Ехеее има да вртиме пари, ко никој! Индискине режисери може вода да ни носат.

Да се разбереме...Пораката на приказната е дека во секој брак има добри и лоши денови. Никој нема да падне болен само затоа што вашиот поминува низ криза.

Нема потреба да се удирате во гради дека сè e супер кога не е, а уште помалку да влегувате во бесмислени падавичарски изливи на љубов пред светот дека сте пресреќни. Пред да почнете да ги лажете другите, прво преиспитајте се зошто се лажете себе. Животот е далеку поубав кога се живее токму онаков каков што е.

N

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби