Мистериите на подводниот свет

Океаните покриваат 70 проценти од вкупната површина на Земјата, но од нив се целосно истражени само 2 до 5 проценти.

Во прилог ви ги претставуваме подводните мистерии кои што се предмет на изучување на многу научници:

1. Подводни водопади

Најпознатиот подводен водопад е илузија и се наоѓа на крајбрежјето на Маурициус, островот кој е прогласен за рај на Земјата. Иако, се пронајдени многу подводни водопади кои всушност се илузија, научниците пронајдоа  7 реални подводни водопади кои настанале како резултат на соединување на топлите и ладните струи. Највисоките водопади не се Ангелските водопади туку подводните водопади наречени ,,Denmark strait cataract’’ кои се високи рекордни 3.300 метри.

2. Необјасниви звуци

Секако дека морските длабочини се страшни самите по себе, но уште пострашни стануваат кога во длабоката темнина ќе ги слушнете звуците ,,Воз’’ и ,,Јулиа’’.
Овие звуци биле забележани на хидрофон од група научници. Според нив, звуците доаѓаат од 3000 милји оддалеченост и претпоставуваат дека има морско суштество кое ги испуштило овие сигнали и е големо колку Ајфеловата кула.

 3.Вртлог

Турбулентното вртење во круг на водата иако изгледа како интересен феномен, може да биде опасен по живот. Иако има многу претпоставки за нивното настанување, се уште не може да се најде вистинската причина.

4. Рог бранови

Овој тип на бранови се наречени и бранови на смртта, бидејќи до сега се регистрирани голем број на смртни случаи и повеќе од 200 бродови кои биле жртви на оваа појава. Брановите во форма на рог се спонтани бранови кои се појавуваат на површината на океаните. Како и кога се формираат овој тип на бранови е се уште предмет на истрага.

5. Длабока фотосинтеза

Тим од истражувачи пронајдоа факти дека длабоко во Тихиот Океан постои фотосинтеза. Сончевата светлина може да пенетрира од 1000-2000 метри  длабоко во океаните. Но она што се уште не е научно докажано е фактот што фотосинтезата е присутна и во подводниот свет и над 2000м. длабочина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби