Опседнати места од кои ќе ве полазат морници

Сакате да го доживеете на своја кожа паранормалното искуство?
Подготвивме список на неколку страшни места, а откако ќе ги прочитате приказните кои се случувале во нив, голема е веројатноста дека ќе се привикнете на спиење со запалено светло.

1. Казнено-поправниот дом во Пенсилванија

Изграден во 1829 година казнено-поправниот дом  е поранешен затвор познат по тоа што прв ја вовел самицата. Затворениците кои биле во самица, биле целосно изолирани од останатиот свет и сите активности кои ги изведувале, ги изведувале сами.
Суровиот пристап на источните држави кон оваа категорија на затвореници допринел мнозинство од нив да бидат доведени до лудило.
Паранормалните активности започнале да се случуваат од 1940-та година, а затворот целосно бил напуштен во 1971-та година кога видно бил зголемен бројот на паранормални искуства.
Извештаите содржат сведоштва меѓу кои се вклучени сенки на фигури кои брзо се вртат на друга страна кога им се приближуваш, темна фигура која повремено може да се забележи во стражарската кула, врисоци од мачење кои најчесто доаѓале од блокот 12 каде се наоѓале самиците, удирање по вратите од ќелиите и морбидни звуци од чекори кои ги следеле.

2. Островот Повеглија, Италија

Во Венециската лагуна помеѓу Венеција и Лидо е сместен малиот остров Повеглиа. За време на бурбонската чума во 14 век многу луѓе биле испраќани на овој остров кој служел како карантин. Мртвите инфицирани тела биле палени со цел да се уништи болеста. Болницата во Повеглиа покрај сомневањата дека лошо ги лекувала пациентите, се верува и дека вршела експериментални постапки врз нив. Денес островот е целосно напуштен, а локалните жители не се осмелуваат да стапнат на него поради многу невообичаени ситуации кои се случуваат.
Се смета дека духовите на пациентите и жртвите на болеста владеат со него и ги измачуваат сите оние кои доаѓаат на него.
Гласови кои шепотат, врисоци и темни сенки  кои го следат секој чекор се вообичаени појави. 
Досега на сите кои го посетиле овој остров им се губи трагата, а малиот број на вратени имаат психички пореметувања кои се смета дека се резултат од огромна траума.

3. Хотелот  “The Queen Mary”, Калифорнија

Овој хотел порано бил океански брод кој пловел по Атлантскиот Океан.  Неговата мрачна приказна започнува со давењето на две жени во 1930-та и 1960-та година во базенот кој е во склоп на хотелот. Нивните духови биле забележани од мнозина гости на хотелот кои престојувале во различни временски интервали, но сепак ги опишале со идентичен опис. Тие посведочиле дека духот на едната жена најчесто бил забележан кај салонот, а на другата кај базенот за пливање.  Евидентирани се и повеќе случаи кои завршиле со насилство, меѓу кои и еден при кој гостинот капејќи се во базенот бил повлечен под водата и за малку удавен.
Собите во овој хотел повеќе не се достапни за изнајмување

4. “Куќата на стравот”,  Р. Македонија

Oпседнати места може да се забележат и во нашата земја. Една од нив е и познатата куќа на стравот во населбата Црниче за која постојат повеќе приказни. Најприфатена од сите е приказната за богатото семејство кое се преселило од Црна Гора.  По нивното преселување во куќата се случиле низа несреќи. Едно од децата кои починало паѓајќи од коњ,а другото при пад во бунар. После овие настани мајката решила да си стави крај на животот со самоубиство, а набрзо после неа и таткото го направил истото.
Евидентирани се сведоштва на граѓани кои тврделе дека слушале звуци кои доаѓале од куќата која стоела напуштена со години, како и трескања на врати.

Куќата на стравот е срушена во 2012 година.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби