Ако Скопје е град на „сељаци“ зошто сакате да живеeте во него?

Кога ќе се спомне Скопје ми се будат чувства на нешто мое, нешто топло.  Градот кој и покрај сите падови повторно се вивна ко феникс од пепелта и стана уште поубав. Град кој преживеал сè и сешто,  но не секој го преживеал него.
Не сите имаат способност да се носат со динамиката на овој град и да уживаат во сите убави нешта кои што има да ги понуди.

Сум прошетал низ повеќе градови во Македонија и сите располагаат со своја убавина, сите се специфични на свој начин и вреди да се посетат. Сепак, некои луѓе не мислат така и секогаш имаат позитивен  коментар за своето, а лош за туѓото.

Прв академски час и прво запознавање на студентите... Сите наоѓаат своја тема за разговор, а меѓу другото слушам како се отвора тема и за мојот град. Тешки зборови паѓаат, лоши зборови...Неубаво чувство...Се вртам и гледам како и дел од  моите сограѓани го делат истото чувство со мене. Решавам да останам воздржан, но комуникацијата продолжува и понатаму , па како горд скопјанец тргнувам во  акција и одбрана на својот роден град.

-Што не ти се допаѓа во Скопје освен тоа што не си имала среќа да бидеш родена токму овде?  ја прашав.

Како и што очекував почна да го плука својот отров со изговор дека нејзиниот град е многу поубав за живеење,  Скопје е нели полн со сељаци, сообраќаен метеж,  сите што живееме тука се преценуваме...

Сепак, реалноста е малку поинаква. Секој сонува да живее во поголем град кој економски и  инфраструктурно  е поразвиен од останатите.  Порастот на население сè повеќе се зголемува, а работните места се намалуваат. Луѓето од внатрешноста на земјата доаѓаат и нудат работна сила дури и за пониска дневница само да останат во главниот град.

 

Одат да студираат во факултетите и ги намалуваат шансите на останатите за стипендија. А факултетите во нивните градови зјаат празни. Со еден збор го намалуваат животниот стандард на главниот град.

Колешке, зошто токму твој избор беше да студираш во Скопје и  твојата цел е да останеш и работиш тука, ако мојот град е толку лош како што го претставуваш?

Впрочем ако во Скопје живеат како што велиш „сељаци“ зошто и ти упорно сакаш да бидеш дел од нив? Вреди да се размисли, нели?

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби