КАПЕЊЕ ВО ПИВО?

Нема да верувате за што сè може да употребите пиво

Дали знаете дека пивото може да биде далеку покорисно отколку што мислите? Доколку имате неколку пива во ладилникот, освен за пиење може да ги искористите и за неколку други нешта

1. Може да придонесе за подобар вкус во маринадата

Пивото може да се искористи за правење на вкусни маринади, но тоа не значи дека ако е алкохол ќе го омекне месото. Доколку сакате месото да биде меко и кревко подобро е да користите сол и вода или млеко отколку пиво. Маринадата со пиво додава само посебен вкус на вашето месо. За најдобар резултат потребно е месото да отстои во оваа маринада барем 30 минути.

2. Може да го намали ризикот од рак

Научно е докажано дека некои состојки кои се содржани во пивото може да го намалат ризикот од рак. Кога правите скара или кога пржите месо, од високата температура се создаваат состојки кои може да предизвикаат мутирани генетски промени во вашата ДНК. Пивото придонесува за намалување на тие канцерогени супстанции на половина.

3. Намамете ги полжавите и глувците

Луѓето не се единствените кои го обожуваат пивото. Глувците и полжавите го обожаваат мирисот на пивото,а тоа е голема предност за вас за да ги фатите овие штетници. Доколку имате градина и полжавите се вашите најголеми непријатели, можете лесно да ги фатите доколку во земја издлабите дупка длабока колку една чаша. Во чашата ставете пиво и чекајте ги натрапниците да паднат во неа. Истото важи и за глувците.

4. Исполирајте ги бакарните тави или златниот накит

Пивото е одлично за да се исполираат бакарните тави кои одамна не биле добро исчистени. Доколку имате потемнет златен прстен или ланче лесно можете да му го вратите сјајот и изгледот како штотуку да било купено доколку го оставите во пиво околу 30 минути.

5. Го намалува ризикот од камчиња во бубрезите

 

На сите веќе ни е познато дека пивото е добро за исфрлање на камењата во бубрезите. Додека камчињата се во бубрезите тие не предизвикуваат никаква болка. Болката настанува во оној момент кога камчињата ќе започнат да излегуваат преку уринарните канали. Консумацијата на пивото во овој случај ги омекнува камчињата, а со тоа и автоматски ја намалува болката.

6.Капењето со пиво е корисно за убавината

Иако малку е нелогично да се капете во пиво, пивото е мошне корисно за  вашата коса и кожата. За целата работа да биде поизводлива и да не морате да трошите многу литри пиво, на интернет може да се пронајдат различни рецепти за маски за коса, маски за лице, пилинзи за тело во кои оставен дел е пивото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби