Обиди за Гинисови рекорди кои завршиле трагично

Кога ќе слушнеме дека некој влегол во Гинисовата книга на рекорди, најчесто се восхитуваме на храброста и на тоа колку време и трпение вложил во својот подвиг.

Но, дали некогаш сте се запрашале колку неуспешни обиди се потребни за да се совлада еден светски рекорд?  За жал меѓу сите тие неуспешни обиди се кријат и несреќи кои завршиле со смртни случаи.

Сајлендра Нат Рој

Индискиот каскадер Сајлендра Нат Рој, се обидувал да го сруши сопствениот рекорд  кој го поставил за најоддалечено растојание поминато на жица со помош на неговата коса.

Настанот се одвивал над реката Теста, во Дарџлинг, а причината за неговата смрт бил срцев удар кој го доживеал кога неговата коса се заплеткала во макарата која го придвижувала кон целта. Тој останал да виси 25 минути, а радоста на оние кои го бодреле преминала во  крик на ужас кога сфатиле дека тој всушност починал.

Јанака Баснејак

Дваесет и четири годишниот Јанака Баснејак бил прогласен за мртов додека се обидувал да го постави Гинисовиот рекорд како најдолго погребана личност.
Тој бил закопан жив во дупка длабока 10 метри во дрвен ковчег прекриен со земја.
Седум часа подоцна откако било откопано неговото тело, не давало знаци на живот и веднаш потоа бил прогласен за мртов.

Инаку Јанака потекнува од Шри Ланка, а бил жив погребан и пред фаталниот обид при што првиот пат издржал два и пол часа, а вториот пат дури шест часа.

Диана Парис

Девојката која има изведено над 1,500 скока со падобран, трагично починала при обид што подолго да се задржи на небесниот свод и со тоа да го собори поставениот Гинисов рекорд.
Кога конечно решила да го употреби својот падобран, тој не бил функционален и не успеал да се отвори при што падот за неа завршил фатално.

Гај Гарман

Гај Гарман  нурнал сакајќи што подлабоко да ги искуси убавините на поводниот свет. Тој започнал да нурка во 6 часот, а бил придружуван од неговиот тим до 200 метри како што било првично планирано. Од таму па сè до саканата длабочина требало да оди сам и да се врати во рок од 38 минути.  Неговата цел да нурне 370 метри во океанот и да го урне Гинисовиот рекорд завршила трагично откако по подолг временски период не излегол на површината. Неколку дена подоцна, потрагата по него завршила откако било пронајдено неговото безживотно тело.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби