ТАЈНАТА Е ОТКРИЕНА

Трикови што ги користат супермаркетите за да потрошите повеќе

На секому му се случува да влезе во супермаркет за една до две работи и на крајот да излезе со две полни кеси производи. Она што многумина од нас не го знаат е дека рекламите за производите не застануваат со исклучување на телевизорот, радиото и телефоните.

Многу супермаркети инвестираат и во маркетингот кој се случува на самото продажно место.

Откријте ги триковите кои најчесто ги применуваат супермаркетите за да го привлечат вниманието на купувачите и да ги натераат да го купат она што тие сакаат да го купат.

1. Осветлувањето

Работите кои се свежи и кои се направени дента како на пример печивата, овошјето и зеленчукот, секогаш стојат на влезот од супермаркетот бидејќи осветлувањето е најубаво. Ова место психолошки влијае кај купувачите, бидејќи ги тера да помислат дека овошјето, зеленчукот и печивата не изгледаат поубаво на ниту едно друго место освен во таа продавница.

2. Секогаш основните состојки се на крајот од супермаркетот

Ова е особено успешен трик кој е развиен од специјални психолози кои супермаркетите ги вработуваат. Производите како што се млеко, јајца, брашно, масло за јадење и слично, секогаш се на крајот од супермаркетот, распределени на различни страни. Целата работа е во тоа што при посегнувањето кон овие производи купувачите шетаат низ супермаркетот и поминуваат покрај стотици други производи кои импулсивно ги купуваат.

3.Импулсивни производи

Импулсивни производи се оние производи кои купувачите несвесно и инпулсивно ги купуваат. Тука спаѓаат бонбоните, мастиките, мини чоколадите, кондомите, батерии итн. Овие производи се секогаш наместени до касите така што чекајќи во ред купувачите се изложени да ги гледаат и да посегнат кон нив.

4.Нивото на очите е нивото кое продава

Сите производи со кои располага супермаркетот во големи количини ги става на рафтовите на висината на очите на луѓето. Статистичките анализи покажуваат дека производите кои се ставени најгоре или најдолу на рафтовите се помалку продавани отколку оние кои се во средината. Најчесто производите кои се во средина се најскапите производи и кога тие се купуваат продавниците остваруваат големи добивки.

5. Музика

Се шетате во продавница и ја пуштаат вашата омилена песна. За да не изгледате дека туку така правите прошетка низ рафтовите автоматски купувате производи кои можеби не ви се неопходни.

6. Нема прозорци, нема часовник

Сте сретнале ли супермаркет кој има прозорец или пак часовник? Овој трик е одличен бидејќи купувачите немаат претстава за времето кое го поминуваат во продавницата и се губат од реалниот свет.

7. Преместување на производите

Доколку секогаш купувате исти производи точно знаете каде се наоѓаат и веднаш посегнувате кон нив. Психолозите вработени во маркетите од време на време го преместуваат распоредот на производите така што ќе ве натераат да прошетате повеќе, а со самото тоа да купите и други производи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби