СЕКОЈ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ

Сподели од срце, донирај со љубов

Драго ми е што на овој начин и како луѓе, и како компанија, можеме да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од ваква помош.

           „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“ 

Махатма Ганди

Со малку труд и добра волја, секој од нас може да направи голема промена во средината во која што живее и да придонесе за посовесно општество. Понекогаш она што за нас изгледа како сосема мал придонес, за некого значи многу повеќе од тоа. Токму затоа кога станува збор за помагањето на социјално ранливите категории на луѓе, не станува збор само за благородна мисија, тука за наша морална должност како дел од ова општество, а воедно и како луѓе, кои треба да си подадат рака еден на друг кога е најтешко.

Во духот на оваа несебична поддршка Македонски Телеком во соработка со Ретвитни оброк“ денес ја организираа хуманитарна акција „Сподели од срце, донирај со љубов“, во која вработените од оваа компанија донираа храна и мантили за дожд за бездомниците во Скопје.

-Драго ми е што на овој начин и како луѓе, и како компанија, можеме да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од ваква помош. Ова е супер иницијатива, која баш би сакала да премине во редовна акција, вели една од вработените, кои денеска во Иновативниот центар на Телеком, заедно со своите колеги пакуваа пакетчиња со храна.

Како таа, така и многу други кои земаа учество во „Сподели од срце, донирај со љубов“ веруваат дека ваквите хуманитарни акции се токму она што е потребно да се мотивира колективот и секој поединец во него, да придонесат за подобра и похумана средина.

Ана Голејшка од „Ретвитни оброк“ вели дека е мошне среќна од целиот проект и ги охрабрува и другите компании да го следат овој пример.

-Им благодариме на Телеком за поддршката, бидејќи ја разбраа и слушнаа нашата идеја и иницијатива - споделувањето храна е токму тоа што ние правиме. Има доста компании и фирми кои ни помагаат, а со тоа ја поддржуваат иницијативата и враќаат верба дека секој може и секој треба! Важно е да се биде дел од ваквите активности, затоа што компаниите не се надвор од системот. И тие можат да го менуваат и подобруваат јавното мислење, да инспирираат и да дадат добар пример за сите други компании.

Голејшка потенцира дека треба што повеќе да се мотивираме себе си, а воедно и нашите сограѓани, со цел да ја разбудиме свеста и да придонесеме за подобро општество.

- Многу е тешко да мотивирате луѓе што ја немаат свеста или кај оние што се веќе паднати во тешка состојба на дефетизам и примитивизам. Воедно, најголемиот парадокс е нели, познатото - Сит на гладен не верува. Сите што имаат вишок, трошат и фрлаат, наместо да споделат. Основната емпатија кај нас се вртка околу празниците. Во секое друго време, мотивацијата да се направи нешто е оставена на индивидуалци, сонувачи, луѓе кои навистина сакаат да го променат општеството во кое живеат. Нашето секојдневие е сиромаштијата и борбата за парче леб. Ако леб има и храна има зошто тогаш да не се освестиме и да го пренасочиме она што се фрла, во рацете на оние што најмногу им е потребно?, додава таа.

Не треба многу размислување за потполно да се согласиме со она што го вели Ана. Секој од нас може да придонесе на индивидуално, а воедно и на корпоративно ниво, да оддели дел од своето време и да направи нечиј ден значително поубав.

Затоа помалку зборови, повеќе акција! Споделете и вклучете се во оваа иницијатива.

#РетвитниОброк на Твитер

#РетвитниОброк на Фејсбук

#РетвитниОброк на Инстаграм

Н.В.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби