Кога вербата во постмилениумската утопија ќе нè изневери

Полуавтобиографскиот роман на Илја Леонард Фајфер ја враќа во мода поетиката на градот. Станува збор за една магично-реалистична одисеја на современиот Цајтгајст и за едно општество што спасот од очајот го наоѓа во декадентноста.

Емигранти наспроти веќе полууништен државен систем, секс и mambo (џамбо) italiano.



„La Superba“ е документ за постоењето на еден град и за релациите меѓу неговите жители – кои, ако не беа толку трагикомични, луди и вистинити, воопшто немаше да бидат човечни, ниту пак ќе допреа до нас.

Илја Леонард Фајфер е познат и почитуван писател роден во држава во која небото е сино, уплатниците за данок розови, а државниот систем – совршен. Неподносливата леснотија при живеењето во таква перфектна држава го излудува и тој решава да се пресели на друго место – каде што климата е потопла, каде што државниот систем е во хаос и секоја мала секојдневна задача може да има своја перипетија... каде што преживувањето претставува мала авантура. Така, тој се преселува во La Superba (старото име на Џенова), европското жариште на емиграцијата, ветениот утописки рај. Фајфер прави слика на животот во Џенова, меѓутоа опишувајќи го најзагрозениот дел од населението; староседелците и губитниците, новодојдените и отфрлените, оние за кои преживеаниот ден значи мала лична победа. Зачинот на еден град. Уличниот фанк, кој никогаш не може да биде исчистен.

Сопствената приказна за барањето на местото под сонцето ја става во паралела со приказните на емигрантите од Африка, чија емиграција не е личен луксуз како неговата, туку, напротив, луксуз што тие го плаќаат со својата крв.

Во срцевината на романот се наоѓаат неколку теми: емиграцијата, сексуалните/родовите идентитети и љубовта.

Во пописот на ликовите во „La Superba“ се наоѓаат најубавата девојка во Џенова, самиот автор, емигрантите од Мароко, од Алжир и од Третиот свет, културниот крем на Џенова со сета своја егзистенцијална тегобност, транссексуалните проститутки и една изгубена човечка нога.

Токму елементот на изгубената човечка нога и потрагата по место каде таа да се скрие, како и по нејзиниот сопственик, прават од романот на Фајфер наратив сличен на „Пеколот“ на Данте – авторот полека се движи низ социјалните кругови на Џенова, притоа раскажувајќи приказни за љубовта, емиграцијата, емотивните тешкотии, осаменоста, заблудите и неможноста за пронаоѓање што ја чувствува секој човек во светов, и сето тоа има саундтрак на „Битлси“ и вкус на џин-тоник.

Приказната на Фајфер е зачинета со тематска повеќеслојност, политичка инсинуација, го отвора прашањето за родовите идентитети, а неговиот стил на пишување ги спојува сите овие компоненти во нешто што за мене лично претставува најљубовната приказна на нашиот век во која љубовта не е централна тема.

Автор: Ивана Смилевска

ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе додели примерок од романот „La Superba“ од Илја Леонард Фајфер на еден од вас по случаен избор.

Сè што треба да направите е да ја имате лајкнато ФБ страната на ИДИВИДИ, во коментар на овој линк, да го тагнете оној кому би му ја подариле оваа книга доколку ја освоите, а воедно и јавно да ја споделите оваа вест. Добитникот ќе биде објавен во петок на 6 октомври, а книгата ќе може да ја подигне во книжарниците на „Антолог“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби