ПРОМОЦИЈА НА ПЛАНИНСКАТА КУЛТУРА

Ехо конкурс за најдобро кратко видео

ЕХО Фестивалот на планински филм заедно со Prosport Skopje повторно организира КОНКУРС ЗА НАЈДОБРО КРАТКО ВИДЕО на 8-то фестивалско издание кое ќе се одржи од 24-27 октомври 2017.

Веќе четири години, конкурсот претставува обид да се промовираат планинските спортови, преку видеа кои ги рефлектираат доживувањата на апликантите низ средбите со планината.

Пристапот е аматерски, иако квалитетот на видеата расте од година на година. И како што се напомнува на секој конкурс, важно е она што го содржи видеото, во форма на доживување, авантура наместо само добро монтирано видео без душа.

Преку овие видеа индиректно се промовира алпинизмот, турно скијањето, екологијата, планинското трчање, параглајдингот, спелеологијата и други спортови кои се сродни со духот на фестивалот.

Целта е во промоцијата на планинската култура, која покрај личниот бенефит во практикување на овие спортови, допринесува и за поздрав и поквалитетен живот.

Сè што треба да направите е вашиот веќе снимен материјал или она што допрва ќе го снимите, да го измонтирате во приказна која содржи наслов, вовед и одјава. Можете да го збогатите своето видео и со музика, текст или пак едноставно снимен говор, во зависност од тоа како сте ја замислиле целата идеја.

Видеата/кратките филмови од 1 до 5 минути треба да ги пријавите на конкурсот најдоцна до 15-ти октомври 2017 година.

Од сите пријавени видеа, ќе бидат селектирани најдобрите кои ќе влезат во финалето и ќе бидат проектирани за време на фестивалските вечери. Победникот ќе биде прогласен од страна на официјалното жири и ќе замине дома со нова GoPRO камера. Пријавување и повеќе информации за конкурсот можете да најде на videokonkurs@ehofilmfest.mk

Додека го смислувате концептот на своето видео, погледнете ги победниците од претходните две години.

Победник за 2016-та: Џоко и планината - Светислав Подлешанов/Кирил Каракаш/Христијан Видановски

 

Победник за 2015-та: Коста Лазаревски - Salakovi Lakes Traverse



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби