Во светот на македонските Кардашијан бидете Дајана

Викендов имав прилика да одам на еден настан кој за мене претставува лично задоволство.

Го следам случувањето со воодушевување и на паузата решив да излезам на кратко во ходникот. Еуфорично барав место каде да ја поминам петминутната пауза. Застанав во холот кога одеднаш еден пискав глас ме врати во реалноста.

-Тргни се бе, гледаш дека се сликам!

Сепнато се свртев и позади себе забележав постара жена со испрчени усни како чека да ја сликаат. Со остар поглед направи да се почувствувам како да сум отишол да убијам човек, а не да најдам место за да ги поминам преостанатите минути од паузата.

Решив да не ја потценам својата интелигенција и да вратам на истиот начин, па наместо тоа се извинив.
Видно зафатена од позирањето во зелено пердувестата бунда само преврте со очите и продолжи да се однесува како да е кралица на настанот, а јас бедник кој и попречил.

Откако заврши паузата се вратив во салата, но овој пат решив да ги набљудувам посетителите, а не самиот настан.

Еден дел од нив немаа појма каде се наоѓаат ама битно нели се дел од нешто на кое не може да присуствува секој, вториот дел го поминуваа времето правејќи селфи или live создавајќи илузија дека кузнај како си поминуваат, а третиот дел демнеа наоколу меркајќи ги луѓето од глава до пети, исмевајќи го нивниот различен избор на облека.



Бев опкружен со ликови кои немаат ни грам емпатија, мислат дека се наоѓаат на врвот на светот со круни над глава, перја од птици и пренагласена шминка. Најсмешно од сè е што ова требаше да биде престижен настан, а не парада на самопрогласени ВИП личности чие его е до плафон.

Тие сериозно мислат дека сите светла се вперени во нив. Онака филмски...Па се местат, позираат, туф ваму, туф таму, гледаат од високо и се однесуваат дрско ако не си еден од нив. „Елитава“ изгледа заборавила дека ако го фатила попустот во Солун, не значи дека ќе оди по ѕвездени теписи во Скопје. За однесувањето да не правиме муабет...Прасето останува прасе, како и да го облечеш.

Диоген реши да го напушти настанот додека уште некоја дотерана тетка со дигнат нос не ја потрошила својата фрустрација врз него. Да им го препушти „престолот“ на домашните Кардашијан-ки кои се влезени во филм дека се ѕвезди само затоа што по некоја околност се нашле на популарен настан и да тргне во потрага по Дајана.

Диоген  

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби