Скандинавска приказна што ќе ве шокира

Најголемиот дански хит меѓу трилерите, бестселерот „Жената во кафезот“ од Јуси Адлер-Олсен, по рецептот на прочуените скандинавски крими-приказни, истражува мистериозно и никогаш нерешено злосторство!


        
Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање...

Детективот Карл Морк се враќа на работа по подолго отсуство поради престрелка во која едниот од неговите колеги останува парализиран, а другиот е убиен. Карл се обвинува себеси, а колегите почнуваат да го избегнуваат. Шефот го преместува во новоформираниот сектор за нерешени случаи надвор од Копенхаген, наречен секторот Q. Како единствен вработен во овој сектор му е назначен сирискиот имигрант Асад, кој всушност е чувар, но се покажува како талентиран и надарен детектив. 

Карл одново ја започнува истрагата за случајот со исчезнатата млада политичарка Мерете Лингор. Таа исчезнала пред пет години и се претпоставува дека е удавена, но нејзиното тело никогаш не е пронајдено. Карл смета дека нешто е пропуштено во истрагата. Навистина, Мерете не е мртва. Сè уште не!
Веднаш по објавувањето, книгата се искачила на првото место на топ-листите и се задржала на врвот на бестселери цела година! Според книгата е снимен и филм.

Македонската читателска публика ќе има ексклузивна можност за средба со авторот Јуси Адлер-Олсен на македонската промоција на оваа книга во рамките на Фестивалот на европската литература „BookStar“, која ќе се одржи на 2 ноември, со почеток во 20 часот, во Клуб ресторанот МКЦ.

ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе додели примерок од романот „Жената во кафезот“ од Јуси Адлер-Олсен на еден од вас по случаен избор.
Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да го тагнете оној кому би му ја подариле оваа книга доколку ја освоите, а воедно и јавно да ја споделите оваа вест.

Добитникот ќе биде објавен во петок на 27 октомври, а книгата ќе може да ја подигне во книжарниците на „Антолог“ или на самата промоција со потпис од авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби