За само 200 евра лажирајте го својот живот и преставете се како милионер

Приватна фирма во Москва овозможува изнајмување на приземјени летала за само 14.000 рубљи односно 200 евра, а со симболична доплата можете да добиете и професионален шминкер, фризер и фотограф кои ќе се погрижат да изгледате беспрекорно.

Според британскиот таблоид Сан, овој нов тренд го применуваат претежно млада категорија на луѓе кои немаат доволно пари навистина да изнајмат летало, а сакаат да претстават лажна слика за себеси која ги претставува како богати и моќни на друштвените мрежи.

Вистинското изнајмување на летало чини 2000 евра, но услугата е ретко користена.

Водени од мислата „Fake it till you make it“ на страницата Private Jet Studio на Instagram може да се најдат многумина кои одбрале нивната фотосесија да биде во холивудски стил, односно како преоѓаат од нивниот луксузен автомобил (најверојатно исто така изнајмен) во луксузното летало.

Исто така прикажани се и слики од луѓе кои наводно се во длабок сон во леталото, читаат, уживаат во погледот низ прозорот или пак на своето патување ги понеле и нивните домашни миленици.

Како дополнителни реквизити секако се нудат и шишиња пенливи вина, чинии со луксузна храна и дел од светските магазини. Цената од 200 евра за два часа е премала во однос на впечатокот на гламурозен стил кој тие го оставаат на социјалните мрежи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби