ОД СВОЈ АГОЛ

Горди ли сте ако уништите нечиј брак?!

Се раѓаме, растеме и умираме.. Круг на животот. Не се раѓаш по своја волја, не умираш по своја волја. Сепак, животот можеме да го живееме според свои маргини и правила. Некои со полн здив, некои не.



Седам со другарка и разговараме за сегашноста. Ми раскажува дека е во врска со женет човек, кој има деца и како криењето на врската ја возбудува.
-Се чувствувам посебно кога сум со него..Кога е со мене заедно смислуваме лаги. И крева на сопругата и и ја кажува, а таа па, глупава, не знам како не разбира дека не ја сака. Со неа е само затоа што така налага животот,  да се има брак и деца. Ако немаш не си способен, ми објаснува другаркава.

Ајде сега од друга гледна точка да гледаме. Таа жена што вели дека е проста и дека е глупава одлучила да стапи во брак со него. Имала толкава доверба, но тој очигледно ја срушил. Не, не е ни малку смотана да не разбере дека сопругот  кога се враќа од „пат“ мириса на женски парфем. Сепак, се труди да го спаси својот брак и да ги состави делчињата одново.

Погледни низ призмата на дечињата. Како тие реагираат кога ја гледаат нивната мајка вознемирена. Деца како деца... Можеби истражувале и веќе знаат за тебе, а во нивното срце владее чиста детска љубов која е помешана со омраза кон една личност.. Кон тебе!



-Е сега кажи ми ти кога се чувствуваш посебно, дали тоа посебно е на убав начин или на оној другиот?

Изреагира на бурен начин, наоѓајќи милион изговори за својата сурова реалност, не сфаќајки дека таа е онаа простата која не го има него, туку тој ја има неа за една вечер.

На човек кој се восхитува како расипува нешто и се чувствува  посебно и гордо, не можеш да му ги објасниш вредностите на љубовта, бракот, на детските прегратки.
Диоген отиде да си најде нови другари.

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби