Barbie ја претстави својата нова кукла која носи хиџаб. Новата кукла е и воедно дел од Шеро програмата која е посветена на жените кои ги поместуваат границите и ги инспирираат новите генерации на девојчиња.
Куклата е направена во чест на Ибтихај Мухамед, која воедно е првата Американка која ќе се натпреварувала на Олимписките игри носејќи хиџаб.
-Горда сум на тоа што девојчињата насекаде низ светот сега ќе можат да играат со Barbie кукла која носи хиџаб. Ова е исполнување на мојот сон од детството, вели Мухамед.
Иако ова е нивната најнова кукла, овој бренд минатата година издаде и кукли кои имаа разновидна боја на кожа, боја на очи, стилови на коса и форма на лице како би ги одразиле вистинските жени и разликите кои не треба да бидат гледани со предрасуди.
Пред да се појави оваа кукла, интересот за нејзино создавање бил мал. Творецот на Hijarbie, Ханеефа Адам, решила рачно да создаде линија за облекување на кукличката во поскромна облека и хиџаби како би ги направила попристапни за муслиманските девојчиња кои се облекуваат на тој начин.
Сега времето за игра е поинклузивно, а коментарите под сликата на брендот покажаа дека времето за предрасуди веќе е зад нас.