Дали за секој „проблем“ треба да се бара решение на социјалните мрежи?

Социјалните мрежи  се претворија  во место каде што секој може да сподели што сака. Од позитивниот тест за бременост (што по некоја логика би требало да биде лична работа), до здравствен проблем за кој наместо на доктор, „лекот“ се бара помеѓу FB  пријателчињата.

Седам така замислен пред некој ден и како повеќето денови разгледувам што има ново. Инаку член сум на неколку новосоздадени FB групи кај што сум се изнагледал и изначитал буквално сè и сешто. Овој пат вниманието ми го привлече друг тип на објава.

Мајка прашува дали е добро да го пушти своето четиригодишното дете САМО на друг континент каде што ќе патува во авион без придружба?!?

Иако сè уште не сум родител се прашувам дали навистина ако повеќето и одговорат потврдно, ќе постапи на тој начин.

Среќа не е дозволено патување на лица под 16 години без придружба, но да замислиме дека е возможно.

Дали своето дете би го изложиле на толку опасности?! Што доколку му се слоши? Дали четиригодишно дете е способно да се справи со таа ситуација? Што ако биде потребно да се изврши преместување од еден во друг лет? На крајот на краиштата, дали мислењето на луѓе кои воопшто не ги ни познавате треба да влијае врз една така важна одлука?

Секогаш мислев дека со родителството доаѓа и одговорноста, но изгледа дека сум грешка.  Се надевам дека госпоѓата сериозно ќе размисли што прашува, ако објавата воопшто беше реална. Доколку беше за да привлече внимание во што повеќе сакам да верувам, препорачувам да напише некој продуктивен пост во кој луѓето ќе се воодушевуваат од неа, а не обратно.

Потрагата на Диоген продолжува...

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби