Нуркачот Роберт Смитс го истражувал подводниот свет, кога пред себе забележал опасен рептил, па решил да ја искористи можноста и да направи неколку неверојатни фотки од него.
На фотографиите се прикажани острите заби на опасниот крокодил, но и каков е додека е во водата и надвор од неа.
Тој за своето искуство вели дека постоела нервоза бидејќи се работи за ѕвер кој лесно може да нападне. Но, не бил премногу исплашен бидејќи е мала веројатноста дека ќе доживее такво искуство во брзо време.
-Крокодилот знаеше дека сме во водата, беше заинтересиран за присуството, но беше доста смирен и не беше во агресивна состојба. Секогаш има ризик при фотографирање на животни, дури и кога правите фотографија од кучето на вашиот сосед бидејќи не знаете како тоа ќе реагира на вашето присуство. Лично сметам дека е во ред да се преземат пресметаните ризици за да би можеле да ги добиете саканите фотографии без да му наштетите да го преместите или било што да му направите, вели храбриот Смитс.