Кое е потеклото на некои од свадбените обичаи низ светот?

Свадбените обичаи сами по себе се чудни – под било кои други услови, фрлање на букети меѓу луѓе, давање пари за да ве пуштат да си ја видите саканата или тинсистирање на пријателите да се облечат идентично би делувало чудно или неприфатливо. 

Еве некои интересни, но и морничави свадбени обичаи како и кратка историја на тоа како настанале :

1) Невестите во Кина плачат цел месец пред нивната свадба



Кај народот Туџиа од Жангијае, Кина невестите традиционално плачат по еден час дневно, еден месец пред нивната свадба, а во последните денови пред свадбата, мајката, бабата и сестрите на невестата и се придружуваат во плачењето.
Овој обичај потекнува од периодот на завојуваните држави кога мајките на принцезите паѓале во солзи пред стапалата на нивните ќерки кога се мажеле. Другите невести почнале да го копираат овој обичај како начин да ја искажат тагата поради напуштањето на домот, што значи дека плачењето е начин да се покаже љубовта и благодарноста кон нивните фамилии.
Уште едно објаснување е тоа што договорените бракови долго време во Кина се сметале за норма и девојките плачеле поради нивната судбина бидејќи не можеле самите слободно да си го одберат мажот.

2) „Давање на невестата“  било буквална трансакција

За многу невести, свадбата не би била комплетна без нивниот татко да ги однесе до олтарот. Историски, давањето на ќерката во брак некогаш се сметало за трансакција од страна на таткото, бидејќи татковците ги давале своите ќерки за да се раздолжат од долгови или решат одредени спорови.

3) Кај некои парови, смртта e почеток на бракот



Постхумните свадби играле улога во одредени култури и традиции, како на пример во Кина пред 3000 години, со намера починатите самци да си најдат придружник во задгробниот живот.
Во земји како Франција, Судан и Кина постхумните бракови се легални, а причините за нив се често срцепарателни. Во 2017-та една личност постхумно се земала со партнерот кој бил убиен во терористичкиот напад во април во Париз, Франција.

4) Потекло на „медениот месец“ било киднапирање

Во времињата кога стапувањето во брак со киднапирање на невестата било вообичаено, младоженецот ја криел идната жена неколку месеци, додека нивната фамилија не се откажела од потрагата или таа забременела.
Името, „меден месец“ т.е “honeymoon” пак, доаѓа од фактот што младоженците порано традиционално пиеле вид на пијалок направен од мед за време на нивниот прв месец (односно “moon - месечина“) заедно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби