Ставете ги вашите деца пред вашите недоразбирања

Сите имаме хаос периоди кога нештата не одат по оној пат по кој сме гo замислиле. Брак како брак, трае додека трае. Непишано правило... Иако сте се заколнале на вечна љубов ако нешто не е функционално и не ве исполнува со среќа тргнете го од вашиот живот. Се согласувам дека доколку има деца, како плод од таа љубов, треба да се мисли и на нив, но тие ќе бидат посреќни ако нивните родители ги гледаат среќни.

Понекогаш разводот е неминовен. Сфаќате дека личноста со која сте поминале сè и не е толку добра за вас како што сте мислеле. Започнувате војна без да избирате средства со кои напаѓате, а едно од нив се и децата.
Без да размислувате за нивните чувства започнувате кавги кои се слушаат до нивната детска соба. Тие знаат дека нешто не е во ред, но молчат.

Што кога едно семејство ќе се распадне?  Се прашувате како тие гледаат на тоа? На почеток прифаќаат лошо, ама подоцна сфаќаат дека повеќе нема лоши моменти, нема гласни врескања и дека тоа е добра одлука и за нив. За понатаму самите треба да се погрижите. Во борбата за тронот кај кого да припаднат децата, некои родители стануваат губитници.

Губитници со муабети од типот „Мајка ти е лоша личност, гледај пример и немој да станеш таков во иднина„, „Татко ти мислиш те сака?! Не сакаше една кашичка да ти направи„ и слично.
Некогаш се прашувам дали навистина не можете да ја погледнете љубовта која зрачи од детските очи и како таа се претвора во гнев и разочарување?! Твојот поранешен сопруг не значи и дека е поранешен родител на твоето дете. Тие го сакаат родителот како вие што сте го сакале на почетокот, но со многу поголема љубов. Љубов која не може да биде прекината на ниеден начин.



Која е всушност вашата цел? Дали ако го убедите детето да ве одбере вас сметате дека ќе ве сака повеќе од другиот родител? Се разбира дека не.

Дадете му ја љубовта на детето кога му е најпотребна и преминете преку сè за него, па дури и преку вашата гордост. Бидете над сè, не само затоа што не било негов избор да се роди од родители на кои љубовта им завршила, туку и поради прекрасните моменти кои сте ги доживеале пред вашиот партнер да стане поранешен.


Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби