Кучињата си лаат, караванот си врви

Зборовите имаат голема моќ и значење, само доколку се кажани од срце. Болката од еден кажан збор понекогаш е поголема од физичка тортура.

Овој бил ваков, оној бил онаков..Па, нели ви се смачи бе луѓе? Нели ви доаѓа преку глава од едно исто цело време? Како тоа, види ја оваа како лошо е облечена? Па пријди и покажи и како треба наместо празно да зборуваш од страна. Што постигнуваш со тоа? Дали егото ви се полни кога некој друг ќе го понижите? Не ве разбирам.

Седам, ве слушам и ви се чудам. Овој бил од таа партија,  лош човек е само затоа што  јас сум за другата, оваа е лесна девојка, легнала со дечко и од прва вечер ама битно вие немате никаков.. Што е со вас?!?

Какви успеси имате вие во животот не сметајќи го успехот дека некому сте му ја уништиле самодовербата и сте го понижиле?

Не дека јас не сум згрешил, сум имал можност да се соочам со болката која сум ја предизвикал поради моето неразумно однесување. Можам да замислам како им е на оние кои слушаат муабети за себе од страна. Тоа не е воопшто пријатно чувство.

Дали сте размислиле на каде го терате вашиот живот, кој е прекраток? Никој не е вечен, па ни вие. Место да ги трошите вашите скапоцени минути на вашите сакани и да ширите позитивна енергија, вие правите сè освен тоа. Замислете секој човек да зборува за друг во светов...Каков би бил светот без добар збор упатен некому?
На крај секој го дава она што го има вишок во себе. Се надевам дека кај вас доминира поубавата страна.

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби