Ретки заболувања: Од супер меморија до целосно отсуство на страв

Следните неколку заболувања се малку поинакви, од сето она што би можеле да го дефинираме како заболување. Впрочем, толку се необични, што за некои луѓе може да се каже и дека е кул што ги имаат.

Супер меморија

Хипертимезија е состојба поврзана со меморијата кога еден човек помни невообичаено голем број на нивни животни искуства се до ситни детали.

Во светот има само 60 луѓе кои се дијагностицирани со оваа болест, а позитивната страна на истата е што пациентите можат да дадат детален опис на секој ден од својот живот дури и од детството, да рецитираат пасус од книги кои ги прочитале пред многу години или да запомнат вест од било кој ден во било која година. Сепак, не се смета ни како дарба бидејќи нејзини симптоми се брзиот умор, несоницата и честите главоболки.

Трпење на болка

Вродената аналгезија е болест каде што едно лице не може да почувствува физичка болка.  Ако за момент помисливте дека тоа е вистинска супер сила, која не влијае врз менталното здравје на личноста или пак изгледот згрешивте.

Личностите кои не реагираат на болка не може ни да ја почувствуваат магијата на допирот, а вистинската опасност од болеста лежи во фактот дека оној кој е заболен од неа не може да ги забележи и останатите болести чии симптоми најчесто се поврзани со болката.

Издржливост на екстремно ниски температури

Исто како што постојат луѓе кои не чувствуваат болка постојат оние кои не чувствуваат студ.  Вим Хоф е Холанѓанец кој ги збунил лекарите со својата способност да издржи екстремен студ. Тој издржал да биде потопен во мраз 120 минути, а воедно се качил на Монт Блан облечен само во шорцеви.

Целосно отсуство на страв

Урбаха Вите (Urbach—Wiethe) е болеста која е причина за целосното отсуство на стравот. Се знае за 300 случаи кои се поврзани за оваа болест, а една четвртина од нив се во Јужна Африка. Најпозната личност која е заболена од оваа болест е жена од Америка. Истражувачите буквално се обиделе на сите начини како да ја заплашат почнувајќи од отровни пајаци и змии, па се до нејзино затворање во прогонувана куќа. Жената не покажала страв ни за време за вистински настани со кои се соочила, а во кои нејзиниот живот се наоѓал во опасност. Вистинско чудо е како таа преживеала бидејќи најчесто заболените од оваа болест немаат способност да ја проценат опасноста со која се соочуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби