Единствената која треба да ја спасиш си самата ти

Во одредени ситуации многу повеќе размислуваме за чувствата на другите. Дали одредена наша постапка ќе ги повреди и дали тие ќе сфатат дека направеното е со добра намера?

Нели ако сите околу вас се среќни и вие сте. Всушност не е така, секој е креатор на сопствената среќа и секој се носи со последиците од својот избор.



Седам со другарка и се докажувам. Нашиот разговор секогаш започнува со некој друг, никогаш не се спомнала сама себе. Секогаш помага на сите, но ниеднаш не слушнав да рече дека некој и помогнал неа.

-Види Марија...Се согласувам. Условите не ти се такви за да можеш да го живееш животот со полни гради. Ама можеш да се измениш. Нели гледаш дека те користат? Го цедат животот од тебе бе! Немаш грам сила во тебе. Не велам да им правиш на луѓето лошо, ама оддалечи се од нив. Прва помош си им при секоја незгода, а кога тебе ти е лошо нема никој  Не забележуваш?

-Не можам. Едноставно ако го оставам сега без да му помогнам ќе се чувствувам лошо. Во безизлезна ситуација е..., ми вели убедувајќи ме дека тоа што го прави е во ред.

-А, зарем ти не си?, повторно луто ја прашувам.

Се убедуваме дека постојат и луѓе кои велат дека се во таква каша, а не се. Дека постојат лажговци и лоши луѓе. Дека финансиската состојба и на неа не и е толку добра и дека мора некаде да пресече. Ама џабе бе! Таа верува дека не постои лошото на овој свет. Верува во добрини и дека ќе и се врати. А, на човек со големо срце и визии не можеш да му докажеш дека и добрината што ја прави не чини некогаш.

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби