Совет за маски до сите (оправдано) загрижени за воздухот

Во време на алармантна загаденост на воздухот во Скопје и во недостиг на мерки за спречување на истата, граѓаните се обидуваат да се заштитат со купување на најразлични типови на маски. Сепак, дали знаеме како да го направиме вистинскиот избор?

На социјалните мрежи веќе се покрена дебата околу тоа кои маски се најдобри за да се заштитиме од загадувањето. Во прилог ви го пренесуваме постот на Васко Цацаноски, граѓанин кој има пар совети за сите оние кои решиле да купат маска.

Фото: Н.Вуковиќ

       -  Совет за маски до сите (оправдано) загрижени од воздухот. Бидејќи возам точак, потребна ми е маска (повеќе од на тие што „се спасуваат“ возејќи коли и со тоа придонесуваат на уште поголемо загадување), па веќе 2 сезони (релативно) редовно користам маски. Многу сум револтиран од фирми - лешинари кои сакаат да ве излажат користејќи ја големата загриженост во врска со воздухот, што и ме мотивираше да го пишам ова.

1. Стандарди. Задолжително купувајте маски со ознака FFP2 (еквивалент N95, т.е. филтрира 95% од честичките) или FFP3 (еквивален N99, 99% од честичките) (повеќе инфо https://en.wikipedia.org/wiki/Respirator). А кај нас како заштита од загадувањето се продаваат маски без стандарди, со FFP1, хируршки маски... Се тоа тоа е украс, грд украс... Лешинари шиткачки преварантски...

За еден ист производител од иста продавница, најчесто FFP3/N99 е многу поскап од FFP2/N95. Доколку тоа е случај, и доколку не работите со био-хазардни гасови (скопскиот воздух сепак баш и не е составен од био-хазардни гасови, иако е многу загаден), сепак тие 4% разлика во филтрацијата пресметајте си дали вредат разликата во цената што ја имате како избор.

2. Активен јаглен. Многу лешинари ќе ви продаваат маски со активен јаглен кој не е корисен за филтрирањето на ПМ честичките, туку апсорбира само молекули (https://en.wikipedia.org/wiki/Air_purifier ----> activated carbon). Овие маски се многу поскапи од тие без јаглен. Затоа, лешинарите што ви ги продаваат овие маски како заштита од скопскиот воздух, веднаш да ги заобиколите. Ако имате други здравствени проблеми, надвор од загадувањето со pm честички, тоа е друго. За филтрирање на простории каде се готви/пуши со вакви филтри, исто така има логика, но за лични маски, апсолутно е бескорисно.

3. Неопренски/шарени маски. Некои од маските на пазарот се џиџани: „меки“, „шарени“... Се тоа тоа е ок, но не е функционален дел од маската. Некои од нив вршат улога на термичка изолација, што можеби за зима е ок, но да си знаете дека освен естетика и можеби термичка изолација, не добивате повеќе од тоа (важен е стандардот).

5. Животен век. Не постои филтер на светов што има неограничен животен век. Дополнително филтрите со користење ги намалуваат перформансите. Затоа, немојте да се летате по фенси скапа маска и да ви е жал да ја смените, туку купете поевтини маски (со стандарди и реномирани производители) и почесто менувајте ги или менувајте ги само филтрите ако маската има филтер што се менува.

4. Цена... Од она што стигнало како информација до мене и од мое искуство имате 2 опции: итно да купите од локална продавница и да си нарачате поевтино од интернет поголемо пакување на маски.

4.а. Локално, барем засега од она што сум сретнал на .mk интернет , апсолутен фаворит е http://www.dvornik.mk/opremaGlavna.aspx?id=5 --->филтер маска (немам никаква врска со фирмава и не знам што имаат на лагер :-) ). Цените им се најразумни во споредба со било каде: 50-100 денари маска, а производителот е honeywell (што не е no-name, т.е. е ок).

4.б. ebay/ali express. Било кој производ што задоволува FFP2/N95, и е од реномиран производител и праќа до Македонија е ок. Јас лично нарачувам (не мора да изберете баш тоа): ebay search "3M 8210" (3M производител, 8210 е модел, стандардот е N95), во пакетче од 20 маски. Доаѓа околу 10 долари (520 денари) сите, т.е. 25 денари по маска (колку поголемо пакетче, поевтино). Испораката од Кина до тука трае од 30 до 60 дена. Искуството вели дека маските се ок, се чувствува разликата, но да ви сертифицирам - не можам :-), а не можете ни вие :-) . Единствена маана е што ластичињата лесно се кинат после неколку носења, што го решавам со хефталица. Една маска користам 7-10 дена, дневно користење 2х25 минути. Планирам да пробам наскоро со „3M 9152" (ист стандард, ист производител, друг модел) чисто заради споредба заради проблемот со ластичињата.

За крај 2 пораки на темата

- Не бегајте од личната одговорност како вие загадувате!

- Национализација на Топлификација! (а не гасификација,  па нејзина приватизација... како што беше со топлификација).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби