Пентагон потрошил 22 милиони долари за тајно истражување на НЛО

Од 2008-ма до 2011-та, Пентагон тајно потрошил 22 милиони долари на малку позната програма за истражување на неидентификуваните летечки објекти (НЛО) како и потенцијалните закани од нив, а ова е прв пат тие јавно да признаат дека ваква програма воопшто постои.

Напредната програма за идентификација на закани била креирана во 2007-ма, по барање на сенаторот на Невада, Хари Рид.

Иако владиното финансирање за програмата било запрено во 2012-та, таа продолжува да функционира под водство на Луис Елизондо, офицер за воено разузнавање, кој дал оставка од неговата позиција во октомври поради фрустрацијата од недоволното финансирање од страна на Пентагон.

Во зачетокот на програмата, Пентагон исплатил поголем дел од доделените 22 милиони долари на воздухопловна компанија во сопственост на Роберт Бигелоу, милијардер кој бил апсолутно убеден дека вонземјаните постојат.

Тој наводно бил близок пријател на Рид, кој давал пари за негови политички кампањи за реизбор во сенатот во 2004-та и 2010-та.

Ова не е првпат владата на САД да истражува НЛО-а и останати мистериозни воздухопловни феномени.
Според анализи на ЦИА, во 1947-ма американските воздухопловни сили го лансирале „Project Sign” со цел собирање, оценување и дистрибуирање на сите информации во рамките на владата, под претпоставка дека НЛО-ата би можеле да бидат реални и од интерес за националната безбедност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби