Не барајте љубов онаму каде што не постои!

Доста пати ми се има случено да чувствувам љубов кон некој и да мислам дека тој ја чувствува со иста мера кон мене, но тоа да ми било грешка.

Не зборувам само за љубов кон девојка, туку и родителска, па и пријателска.



Во денешно време секоја вредност на еден човек се согледува според користа која ја имаш од него. Ретки се оние кои го согледуваат секој човеков квалитет, но и му го вреднуваат. Го ценат она што го имаат и го чуваат.
Разбирам, секој е гладен за љубов. Но, дали вреди постојано да барате од некој нешто кое всушност го нема?
Некогаш е претешко да се оддалечиме од оние кои ни значеле, а и сè уште ни значат повеќе од сè на светот. Но, ако во овој момент не се оддалечиш ќе почувствуваш многу поголема болка.

Ќе сфатиш дека не е важно присуството на толпа луѓе во твојот живот, туку топлината и позитивната енергија која тие ти ја даваат. Ќе сфатиш дека си залутал во гужва од луѓе, а ќе чувствуваш самотија.
Не сите човечки суштества имаат способност да возвратат на пружената безусловна љубов. Не сите и го посакуваат тоа. Дел од нив се емотивно недостапни, повредени од некој сосема трет, скршени на делчиња, па сега не сакаат да го пружат тој луксуз да почувствуваат бура од емоции стравувајќи дека повторно се лажни. Сум пробал и да сакам такви личности, да им ја дадам секоја капка од мојата љубов за да им ја возвратам довербата, но залудно. Самите треба да станат свесни, да се исправат и да стапнат силно сфаќајки дека поради тоа што ним некој им го направил тоа не треба да ја скратуваат љубовта на останатите околу нив затоа што ќе ги направат исти како нив.



Постојат и оние кои никогаш не почувствувале љубов, а и нема никогаш да почувствуваат. Од нив треба да бегате. Бегајте колку што е можно подалеку од нив затоа што не само што нема да добиете љубов туку и ќе ја потрошите сета своја. Едноставно ќе се уморите од давање, а нема да го видите посакуваниот сјај во очите. Нема да ја почувствувате моќта на утешителните силни прегратки ниту на охрабрувачките зборови кои ќе ви дадат сила. Она што може да го очекувате за жал ќе биде сè поголемото разочарување, коe од ден на ден ќе расте.

Безусловната љубов треба да ве прави среќни. Всушност изборот дали ќе почувствуваме и пружиме љубов е наш.
Во една класична заљубена двојка, одлуките ги донесуваат двајцата партнери поединечно. Доколку едниот постојано вложува, а другиот не , без разлика дали тоа се влогови во облик на емоции или одредени работи постојано едниот е во добивка, а другиот трпи загуба.
Кога тој што е во загуба ќе го даде и последното нешто кое му останало пука меурот и останува празен. Нерамнотежата која постои го убива и врската се прекинува.



Истото се случува и со секоја друга форма на создадена љубов.
Не е се така негативно, постојат и оние кои доколку им дадеш дел од твојата љубов ќе те опсипат со двојно повеќе, но веќе се ретки.

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби